ВМРО-ДПМНЕ: Заштита на природните езера и планини во Р. Македонија
Ќе извршиме ревалоризација на вредностите на Охридското Езеро во интерес на негова поголема заштита, ќе утврдиме статус на Рамсарско место на Дојранското Езеро, степен на заштита на планината Јабланица и можности за ставање на областа Мариово под степен на заштита – Рок: 2010 година
Образложение:
Во делот за ревалоризација на вредностите на Охридското есеро, донесена е одлука за изработка на студија за ревалоризација на 03.11.2009 година, но нема официјални информации дали истата е спроведена во пракса.
Ветувањето за утврдување на статусот на Рамсарско место на Дојранското езеро е остварено, додека за делот поврзан со заштита на планината Јабланица и можноста за ставање на областа Мариово под степен на заштита нема официјални информации.
Линкови:
- Е.Е. Дневник (03.11.2009). Три милиони за ревалоризација на Охридско. [Пристапено на: 20.05.2011]
- Министерство за животна средина. Квалитетот на животната средина во Република Македонија — Годишен извештај за 2009. [Пристапено на: 21.05.2011]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар