ВМРО-ДПМНЕ: Зголемен економски раст

Во периодот 2012-2015 година очекуваме поинтензивен економски раст. Доколку не се случи нова светска економска криза, во периодот 2012-2013 очекуваме порастот на БДП да се движи во рангот 4,0%-5,0%, додека во периодот 2014-2015 порастот на БДП ќе достигне 5,5%-7,0%.

Образложение:

Во текот на 2012 година, спротивно од ветеното и очекуваното македонската економија остварила негативен пораст од – 0,3 %.

Во 2013 година, македонската економија оствари раст на БДП од 3,1%. Според даденото ветување за периодот 2012-2013 година се ветен беше раст од 4,0%- 5,0%, со што ова ветување не е остварено во рамките на предвидениот раст.

Линкови:

Оценето од: Марија Теговска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција