ВМРО-ДПМНЕ: Зголемени девизни резерви

Девизните резерви и натаму ќе се зголемуваат како резултат на порастот на извозот и приливите од странски директни и портфолио-инвестиции, што ќе овозможи непречено да се одржува стабилноста на девизниот курс на денарот.

Образложение:

Вистина е дека државните резерви во апсолутни бројки беа зголемени во овој период, но важно е да се спомене дека според законот НБМ е таа што раководи со нив, иако владата со своите политики може да влијае на нивната висина. Имено, во 2008 државните резерви изнесувале една милијарда и 494 милиони евра, наредната година нивото на резевите пораснало на милијарда и 597 милиони, додека лани тие изнесувале милијарда и 714 милиони евра.

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција