ВМРО-ДПМНЕ: Зголемување на базата на податоци

Кредитниот регистар покрај податоци од финансиските институции, ќе започне да користи податоци од друштвата за лизинг. Со тоа, Народна банка ќе располага со поголем обем на информации за кредитната изложеност на правните и физичките лица. Рок: ноември 2008 година.

Образложение:

Во Извештајот на Народната банка за 2010 се вели дека не е проширена базата на податоци бидејќи не се направени измени на Законот за Народна банка:

„Со остварувањето на оваа активност требаше да се прошири базата на податоци во Кредитниот регистар на Народната банка за изложеноста на лизинг-друштвата спрема правните и физичките лица врз основа на дадени лизинг-услуги. Остварувањето на оваа активност во целост зависеше од вградувањето одредби во новиот Закон за Народната банка на Република Македонија за вклучување на друштвата за лизинг во кредитниот регистар. Законот за Народната банка на Република Македонија е донесен во декември 2010 година, но друштвата за лизинг не се опфатени како учесници во Кредитниот регистар.
Статус: Откажано.“

Линкови

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција