ВМРО-ДПМНЕ: Зголемување на пензиите

Ќе растат и пензиите. На 1 јуни 2008, 1 јануари и 1 јуни 2009, и 1 јануари 2010 година, пензионерите ќе добијат покачувања на пензиите, така како што ветивме. Со тоа, вкупниот пораст на пензиите ќе достигне речиси 30% за најниските категории, односно над 20% за највисоките категории на пензии, споредено со пензиите од декември 2007.

Образложение:

Пензиите се зголемени во просек за 33.5%, а најниските за 40%! Во 2006 година најниската пензија беше 4.023 денари, а во декември 2010 година 5.634 денари, што претставува зголемување за 40%. Од јули 2006 година до декември 2010 година просечната пензија се зголеми за 33.5%, од 7.683 денари во 2006 година на 10.273 денари во 2010 година.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција