ВМРО-ДПМНЕ: Зголемување на пензиите
ВМРО-ДПMНЕ за периодот 2012-2015 им ветува на пензионерите дополнително зголемување на пензиите од вкупно 24,2% и тоа: 5% на 1.12.2012, 7,5% на 1.12.2013 и 10% на 1.12.2014 година.
Образложение:
И покрај ветувањето на Владата дека во декември 2012 година пензиите ќе се зголемат за 5%, тоа не се случи, односно зголемувањето е одложено за март 2013 година.
Линкови:
- Дневник (23.09.2012): Груевски: Во 2013 пензиите ќе се зголемат за околу 7 отсто [Пристапено на: 21.12.2012]
- Курир (09.12.2012): Пензионерите бараат донесување на законот за зголемување на пензиите [Пристапено на: 21.12.2012]
- Утрински весник (09.12.2012): Писма – Социјална помош или зголемување на пензиите [Пристапено на: 21.12.2012]
Оценето од: Марија Теговска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар