ВМРО-ДПМНЕ: Зимски центар Кожуф
Во Кожув ќе го завршиме пристапниот пат до скијачкиот центар и ќе продолжиме со изградбата на потребната инфраструктура за развој на скијачкиот центар Кожуф. Носител: Министерството за транспорт и врски. [Рок: 2011 – 2012]
Образложение:
Пристапниот пат е завршен во ноември 2011 година. [Ажурирано на: 19.09.2012]
Според информациите од медиумите, и покрај најавите, во скијачкиот центар Кожуф сè уште се чека на отпочнување на некои поголеми инфраструктурни проекти. [Ажурирано на: 10.04.2013]
Линкови:
- Вистиномер: ВМРО-ДПМНЕ: Патен правец Скијачки центар Кожуф – Гевгелија [Пристапено на: 19.09.2012]
- Телма Телевизија (09.12.2012): Нема најави за успешна зимска сезона на Кожуф. [Пристапено на: 10.04.2013]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар