ВМРО-ДПМНЕ: Зимски центар Крушево

Во Крушево ќе изградиме нов ски-лифт и ќе ги прошириме постојните скијачки патеки и ќе ја изградиме потребната инфраструктура за развој на скијачкиот центар Крушево преку изградба на две нови викенд-населби: една на езерото и една на Вршник во близината на манастирот. Исто така ќе изградиме спортска сала, фудбалски терен, тениски терен, мал базен, како и мултифункционално игралиште. Носител: Агенција за млади и спорт во соработка со Министерството за транспорт и врски и локалната самоуправа. [Рок: 2013 – 2014]

Образложение:

Завршени се одредени активности во насока на исполнување на ова ветување. Во 2013 година беше изградена акумулација за вода од која се произведува вештачки снег, беше извршена инсталација на систем од топови за производство на снег на две скијачки патеки, комплетно осветлување на две скијачки патеки и нивна адаптација за ноќно скијање и изградба на парк за сноубординг во кој беа поставени монтажни рампи и елементи за акробатски сноуборд, а беа набавени и возило за уредување на снегот на ски-патеките (ратрак) и моторна санка за потребите на службата. Според информацијата, во тек е проектот за изградба на две викенд населби, едната кај крушевското езеро и другата на месноста Вршник. Со оглед на тоа дека досега се остварени само дел од активностите предвидени со овој проект, ветувањето се оценува како делумно исполнето. [Ажурирано на: 11.04.2014]

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција