ВМРО-ДПМНЕ: Знак за квалитет
Знак за квалитет – препознаен квалитет. Ќе дадеме поддршка на национални здруженија на производител за воведување на знак за квалитет за означување на ознака за потекло, географска ознака, традиционален специјалитет на земјоделски производи. Приоритет ќе се даде на македонското јагне, кочанскиот ориз, како и други производи зависно од интересот на производителите. Поддршката ќе вклучува и спроведување на национална кампања за придобивките од заштита на квалитетот. [Рок: април 2012 – 2015]
Образложение:
Во ноември 2012 година владиниот портпарол најави дека од 2013 година брендирањето на земјоделски производи ќе биде поддрано од Владата, која ќе покрива половина од трошоците за брендирање.
На почетокот на 2013 година почнува правната процедура за стандардизирање на знакот „Македонско сонце“ за промоција и означување на квалитет на македонските производи.
До март 2013 година процесот на брендирање го завршија шест производи – кочански ориз, тетовски грав, македонски ајвар, овчеполски мед, малешевско бело сирење, старо бачило бело сирење. Во процес на регистрација се охридската цреша, валандовското бело зимско грозје, виното станушина, фила шарлаган, ладно цедено масло и галички кашкавал.
Во 2013 година направени се законски измени со кои од 1 јануари 2014 знакот „Македонско сонце“ се враќа на фискалните сметки.
Според ова може да се каже дека ветувањето: „Знак за квалитет“ е исполнето.
Линкови:
- Дневник (04.11.2012): Владата ќе поддржува брендирање на земјоделски производи. [Пристапено на: 02.05.2013]
- Дневник (16.01.2013): Знакот „Македонско сонце“ ќе се брендира како ознака за квалитет. [Пристапено на: 02.05.2013]
- Курир (04.11.2012): Владина поддршка за занаетчиите и брендирање на земјоделски производи [Пристапено на: 07.04.2014]
- Фактор (16.01.2013): Купувајте македонски производи ама со сонце! [Пристапено на: 07.04.2014]
- Сител (08.05.2013): Македонското сонце се враќа на фискалните сметки [Пристапено на: 07.04.2014]
- Сител (07.03.2013): Расте интересот за брендирање на македонски производи [Пристапено на: 07.04.2014]
Оценето од: Оливера Војновска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар