Внимавајте: Лажна е наградната игра во која се подарува „фолксваген Тигуан“
Ја проверивме Фејсбук страницата која ја споделува наводната наградна игра. Таа има само 1.400 следбеници и нема никакви информации за себе. Нема адреса на компанија, контакт телефон, нема ништо. На страницата нема ниту една друга објава освен оваа за наводна наградна игра. Истата објава ја најдовме и на други Фејсбук страници на шпански и на латвиски јазик
Ја проверивме Фејсбук страницата која ја споделува наводната наградна игра. Таа има само 1.400 следбеници и нема никакви информации за себе. Нема адреса на компанија, контакт телефон, нема ништо. На страницата нема ниту една друга објава освен оваа за наводна наградна игра. Истата објава ја најдовме и на други Фејсбук страници на шпански и на латвиски јазик
Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографии од автомобил марка „фолксваген Тигуан“ и вели:
За да го прославиме нашето официјално лансирање, подаруваме еден од овие неверојатни автомобили Volkswagen Tiguan R-Line од 2025 година. Едноставно напишете @ и кликнете (highlight). Ако симболот стане сино, сте избрани. Победникот ќе биде објавен на 5 септември во 12:00 часот.
Под објавата во коментар се дадени дополнителни инструкции за наводната наградна игра.
Услови за победа:
* Следете ја мојата страница
* Лајкнете ја оваа објава
* Споделете ја оваа објава со 5-10 Фејсбук групи или пријатели
Доколку сте успешни, нашиот тим ќе ви испрати приватна порака. Проверете ги вашите пораки сега
Во моментот на нашата анализа, објавата има речиси 3.000 допаѓа, 4.800 коментари и 4.600 споделувања.
Ја проверивме Фејсбук страницата која ја споделува наводната наградна игра. Таа има само 1.400 следбеници и нема никакви информации за себе. Нема адреса на компанија, контакт телефон, нема ништо. На страницата нема ниту една друга објава освен оваа за наводна наградна игра.
Истата објава ја најдовме и на други Фејсбук страници на шпански и на латвиски јазик.
За да го прославиме нашето официјално лансирање, подаруваме еден од овие неверојатни автомобили Volkswagen Tiguan R-Line од 2025 година. Само напишете @ и кликнете на „означено“. Ако стане сино, сте избрани. Победникот ќе биде избран на 5 септември во 19:00 часот, стои во објавата на латвиски.
За да го прославиме големото отворање, го подаруваме овој неверојатен Volkswagen Tiguan R-Line на еден од вас. Само напишете @ и кликнете на обележаното место. Ако стане сино, сте избрани, стои во објавата на шпански.
Наводната наградна игра ја најдовме и на Инстаграм на португалски јазик.
За да го прославиме големото отворање, го подаруваме овој неверојатен Volkswagen Tiguan R-Line на еден од вас. Едноставно напишете @ и кликнете на копчето за означување. Ако стане сино, сте избрани. Победникот ќе биде објавен на 31 август 2025 година, стои во објавата.
Очигледно е дека станува збор за лажна Фејсбук страница и за лажна наградна игра.
Оваа објава е класичен пример за измама направена со цел да собира лични информации или да ја зголеми видливоста на објавата преку интеракција со корисниците. Овие измамнички шеми ги искористуваат надежите на корисниците за лесно богатство, што често доведува до разочарување и потенцијални безбедносни ризици. Од клучно значење е да останете внимателни, да пријавите таква измамничка содржина и да избегнувате да влегувате во интеракции со објави кои ветуваат нереални награди за минимален напор. Важно е да се запамети дека легитимните наградни игри никогаш нема да бараат лични информации преку коментари и секогаш ќе имаат проверливи извори и јасни, официјални упатства.
Поради сето погоре, објавата што ја анализираме, ја оценуваме како невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар