Во Австралија не им се забранува на луѓето да одгледуваат своја храна
Не е вистина дека во Викторија, Австралија, се носи закон со кој ќе им се забрани на луѓето да одгледуваат храна. Напротив, законот што е во процедура, а кој се споменува во постот, треба да направи промени во 11 закони што се однесуваат на одгледувањето храна, добиток, да се заштити дополнително областа Викторија од штетни треви и инсекти, да се овозможи поквалитетно фармерство и за извоз и за домашна употреба. Законот дефинитивно се однесува на регулација на комерцијалното фармерство, а не на забрана за одгледување на храна во домашни услови или забрана да се одгледува сопствена храна. Впрочем во текстот од законот не се забранува одгледување на каква било храна
Не е вистина дека во Викторија, Австралија, се носи закон со кој ќе им се забрани на луѓето да одгледуваат храна. Напротив, законот што е во процедура, а кој се споменува во постот, треба да направи промени во 11 закони што се однесуваат на одгледувањето храна, добиток, да се заштити дополнително областа Викторија од штетни треви и инсекти, да се овозможи поквалитетно фармерство и за извоз и за домашна употреба. Законот дефинитивно се однесува на регулација на комерцијалното фармерство, а не на забрана за одгледување на храна во домашни услови или забрана да се одгледува сопствена храна. Впрочем во текстот од законот не се забранува одгледување на каква било храна
Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се тврди дека премиерот на Австралија, Ден Ендрус потпишал нов закон со кој во Викторија, Австралија им се забранува на луѓето да имаат свои бавчи односно да растат сопствена храна. Во склоп на постот споделен е твит од медиумот „Апекс Ворлд Њуз“ од 5 мај 2022 во кој се кажува дека премиерот Ендрус, во Викторија Австралија носи закон со кој им се забранува на луѓето да одгледуваат своја храна. Законот е насловен Agriculture Legislation Amendment Bill 2022 и поминал на второ читање во Парламентот, а според твитот, како причина за промените е наведена биосигурноста.
VICTORIA, AUSTRALIA: Premier Dan Andrews is passing a bill that prohibits people from growing their own food.
The Agriculture Legislation Amendment Bill 2022 has had its second reading in parliament. Biosecurity is stated as the reason for changes.
— Apex World News (@apexworldnews) May 5, 2022
Ова набрзо беше демантирано како дезинформација. Федерацијата на фармери на Викторија, излезе со соопштение во кое вели дека се шират дезинформации за законот кој се наоѓа пред викторијанскиот парламент. Федерацијата на фармери на Викторија пред да биде претставен законот добила информација од владата за законот и ги разбира намерите позади сите промени во легислативата што се предлагаат во законот. Тие пишуваат:
The Agriculture Amendment Bill 2022 е комплексно и разновидно парче легислатива кое што ќе усогласи 11 поединечни акти. Има промени коишто Федерацијата на фармери на Викторија ги поддржува вклучително и подобрувањата во тоа како се осигурува биосигурноста. Дезинформациите за законот сугерираат дека авторизирани службеници ќе може да спроведуваат претреси без налог, без согласност на сопственикот на имотот и без да презентираат идентификација. Федерацијата на фармери на Викторија верува дека ова е погрешна интерпретација на амандманите во законот. Нè информираа дека ќе бидат подготвени дополнителни информации за да се појаснат придобивките од законот. Ќе им ги направиме тие информации достапни на нашите членови кога ќе се готови. Ако ви требаат повеќе информации, за предложената регулатива, прочитајте на страницата на Парламентот на Викторија со најновата верзија од законот од 3 мај.
Ме загрижи како ќе им бидат доставувани известувања на сопствениците на земјата кои не живеат на таа земја туку далеку, но претставникот на Министерството за агрикултура рече дека тоа ќе се прави со известувања. Но што ако врне и известувањето е накиснато и фармерот не го види? Не сакам да се доведеме до ситуација фармерите да велат дека никогаш не добиле известување дека ќе им дојде инспекција, рекла во дебатата пратеничката Бритнел. Таа додала дека некои од амандманите се одлични зашто на инспектори им се дава овластување да преземаат акции за да се спречи инфестација со штетни треви, или инфективни болести кај животните или други биосигурносни проблеми.
Ширењето на болести намерно или ненамерно има потенцијал да избрише цела индустрија и нашата влада е посветена да осигура дека Викторија одрува добра глобална репутација за првокласно производство. Да се искоренат штетните треви кога еднаш ќе се појават и ќе бидат внесени, како што знаеме е невозможно, посочила таа во својот говор како што може да се види од парламентарниот транскрипт.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар