Во близина на Крстот на Водно, не се очекува да биде изградена муслиманската полумесечина

Во време кога социјалните мрежи се дел од секојдневниот живот на секоја индивидуа што има можност да ги сподели своите мислења, сѐ повеќе онлајн-медиуми пренесуваат објава на „Фејсбук“, на пример, и тоа многу лесно станува референтна точка за пишување текст, што нема никаква вредност и е наменет само за собирање кликови. Таков е текстот што го разгледуваме

 

Фотографија од веста што ја разгледуваме

Линк до оригиналниот напис: „До крстот на Водно се очекува да се изгради и муслиманската полумесечина со иста големина“  Pranë kryqit në Vodno pritet të ndërtohet edhe gjysëmhëna e muslimanëve me të njejtën madhësi

Датум на објавување: 26.12.2019

Датум на рецензија: 17.1.2020

Рецензира: Ајнур Бафќари

 

 

Понекогаш, авторите на текстовите што се сервираат како „информации“ не прават опис на она што го објавуваат. Тие се задоволуваат со целосната публикација што ја виделе на „Фејсбук“ и единствената работа им е да стават „соодветен“ наслов што би служел како мамка за кликнување. Авторот на текстот што го разгледуваме има напишано само една реченица со парафразирање и во истата реченица дал личен коментар. Остатокот од текстот е само статус на „Фејсбук“ и ништо повеќе. Во овој текст се гледа дека и самиот автор сака да верува во содржината на објавата на „Фејсбук“, за што се решил да направи „вест“.

„Ерблин Брахими на својата социјална мрежа објавува добрата вест со тоа што пишува:
Во близина на Крстот на Водно, ќе биде изградена Полумесечина со иста големина, со исто осветлување – ова го симболизира и ќе ја симболизира меѓуверската толеранција која постои со векови и ќе постои до крајот на светот!“– се вели во текстот.

Во насловот, завршена работа, во текстот – ништо!

Авторот се осврнал на објава на личност што не е ниту носител на некаква јавна функција. Додека во насловот е прикажано како полумесечината да е веќе завршена работа, во текстот нема факт или релевантен извор на информација. Текстот содржи елементи на коментари, а фотографијата е наменета за манипулација.

Концепт на манипулација „Повикување на емоции“

Со оглед на многубројните реакции откако беше поставен Крстот во Скопје, поставувањето на полумесечината исто така ќе предизвика многу реакции, а авторот преку овој концепт на манипулација се базирал на убедување, наместо на факти, за да предизвика емоции, во овој случај кај читателите на текстот. Сите овие техники на манипулација се опишани во Прирачникот на „Критинк“.

Не дозволувајте двапати да ве измамат

Читатели, секој од вас може да има профил што ќе ви овозможи да гледате повеќе објави од пријателите што ги имате или јавни објавувања достапни за вас, и покрај фактот дека наведениот корисник не е во списокот на вашите пријатели.

Зошто би требало да прочитате статус на „Фејсбук“ во рубрика вести на мрежна платформа на веб-порталот кој во меѓувреме ја избришал веста?! Затоа ако видите дека недостасуваат основните елементи на новинарската статија, би било добро да престанете да читате, бидејќи во игра е ставена вашата интелигенција.

 

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција