Во Бутел се изградени три повеќенаменски игралишта

Од пуштањето во употреба на повеќенаменското игралиште во Бутел 2 Фото: Принтскрин

Проект:

Изградба на три повеќенаменски спортски игралишта Во соработка со Владата на Република Македонија и Агенцијата за млади и спорт, планирана е изградба на три повеќенаменски спортски игралишта во н.м. Бутел 2, н.м. Бутел 1 и населба Радишани, Кучевалка бара што ќе при- донесе за развој на масовниот спорт и спортот за сите. Повеќенаменските игралишта ќе бидат ставени на располагање на сите граѓани за спортување, рекреирање и за натпреварување. Игралиштата ќе можат да се користат де- ноноќно и ќе бидат место за собирање и дружење на младите генерации, како и основа за создавање на здрава младина и одлична превентива од по- роците на модерното живеење. (Рок: ноември 2015)

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалникот на Општина Бутел, Петре Латиновски,  во изборната програма со која излезе  за локалните избори во 2013 година вети изградба на три спортски игралишта во  Бутел 1, Бутел 2 и во населбата Радишани. Ова негово изборно ветување дадено во споменатата изборна програма насловена:  „ Нови дела за нов напредок, нови дела за подобар Бутел!“ (Спорт и млади, стр. 23), е исполнето.

Во ноември 2013 година медиумите информираа дека  е завршена изградбата на повеќенаменското спортско игралиште во Бутел 1, а таква информација е објавена и на веб-страницата на Општина Бутел. Спортското игралиште беше официјално пуштено во употреба во февруари 2014 година . На свеченоста по тој повод присуствуваа тогашниот премиер Никола Груевски и градоначалникот на Општина Бутел, Петре Латиновски.

 Игралиштето кое денеска официјално го пуштаме во употреба е нешто што го ветивме за време на кампањата…  (Груевски)

Задоволството е најголемо кога проектот којшто ќе се реализира го користат најмладите… (Латиновски)

Повеќенаменско игралиште во  Бутел 2 во населбата „Мара Междуречка” е пуштено во употреба во ноември 2014 година. Како што пренесоа  медиумите, градоначалникот Латиновски тогаш  ѝсе заблагодарил на Владата и на Агенцијата за млади и спорт „за изградените 2 спортски сали, 2 повеќенаменски игралишта и тенискиот терен во нас. Радишани’

Во врска со реализацијата на овој проект од програмата на Латиновски, „Вистиномер“ се обрати и во Општина Бутел од каде ни беше одговорено дека трите спортски игралишта се направени.

Ве информираме следното:

– Во Бутел 1  изградено повеќенаменско игралиште во непосредна близина на ОУ Климент Охридски

– Во Бутел 2  изградено повеќенаменско игралиште на Ул. Мара Междуречка

– Во населба Радишани изградено повеќенаменско игралиште и тенсико игралиште во непосредна близина на ОУ Ацо Шопов (Општина Бутел)

 

Имејќи ја предвид направената проверка, како и одговорот од Општина Бутел, споменатото изборно ветување на Латиновски го сметаме за исполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција