Во дискотеката во Кочани ноќта кога се случи трагедијата имало 650, а не 1.500 гости

Фото: meta.mk

Не е точно дека во дискотеката биле присутни 1.500 гости. Ваквата бројка која како шпекулација кружеше на социјалните мрежи и ја пренесоа дел од медиумите, првично ја демантираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски (ден по несреќата), а последно, јавниот обвинител Љупчо Коцевски. Коцевски денеска на прес-конференција (21 март) изјави дека за време на настапот на музичката група ДНК во кочанската дискотека „Пулс“ имало 650 гости, од кои најмалку 31 биле деца

Не е точно дека во дискотеката биле присутни 1.500 гости. Ваквата бројка која како шпекулација кружеше на социјалните мрежи и ја пренесоа дел од медиумите, првично ја демантираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски (ден по несреќата), а последно, јавниот обвинител Љупчо Коцевски. Коцевски денеска на прес-конференција (21 март) изјави дека за време на настапот на музичката група ДНК во кочанската дискотека „Пулс“ имало 650 гости, од кои најмалку 31 биле деца

 

Анализираме објава на Фејсбук која известувајќи за страшниот пожар што ја зафати дискотеката „Пулс“ во Кочани, вели:

Присутни биле 1.500 гости, претежно млади лица. Починати има, но се уште не се објавува колку. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски е во Кочани, а премиерот Христијан Мицкоски е на пат кон местото.

Не е точно дека во дискотеката биле присутни 1.500 гости. Ваквата бројка која како шпекулација кружеше на социјалните мрежи и ја пренесоа дел од медиумите, првично ја демантираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски (ден по несреќата), а последно, јавниот обвинител Љупчо Коцевски.

Коцевски денеска на прес-конференција (21 март) изјави дека за време на настапот на музичката група ДНК во кочанската дискотека „Пулс“ имало 650 гости, од кои најмалку 31 биле деца.

Иако знаеле дека дискотеката нема услови и капацитет за влез на толкав број на луѓе, едно од осомничените одговорни лица во клубот, заедно со осомничените управители и припадници на обезбедувањето, кобната ноќ овозможиле во клубот да влезат 650 луѓе. Дополнително, еден од осомничените вршел продажба на билети без да води сметка за бројот на гостите и нивната возраст, овозможувајќи влез на малолетници во дискотеката, посочи Коцевски.

Претходно, информирајќи за тоа што се случило дента кога избувна пожарот во дискотеката во Кочани, Тошковски на прес-конференција на 17 март рече дека пожарот настанал од употребата на пиротехнички средства кои ги донел бендот ДНК и дека концертот бил одржан на диво, односно за него немало писмен договор меѓу организаторите и бендот.

Пожарот избувнал околу 2.30 часот во неделата наутро (16.03). Во објектот имало 500 лица, а биле продадени 250 карти, информираше Тошковски.

Значи, не е точно дека во дискотеката, ноќта кога се случи трагедијата, имало 1.500 гости, како што тврди објавата што ја анализираме. Дополнително објавата со неточен податок, дека „присутни биле 1.500 гости“, е објавена на 16.03.2025 година, односно на самиот ден на трагедијата. Оваа рецензија е пишувана пет дена подоцна, што значи дека не е испочитуван Кодексот на новинарите каде се вели дека новинарот ќе настојува да биде обезбедено објавување на исправка, демант и одговор во случај кога ќе биде утврдена неточност на информацијата. И покрај тоа, објавата и понатаму опстојува на социјалните мрежи.

Членот 8 од Кодексот на новинарите гласи:

Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми. Во судските постапки треба да се почитува принципот на пресумпција на невиност, да се известува за сите инволвирани страни во спорот и да не се сугерира пресуда.

Поради сите горенаведени факти, објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција