Во Индија не се палат антените на 5Г мрежата, видеото е од 2018 година

Преку пост на Фејсбук страната „Роза Розмарина“ се враќа во етерот теоријата на заговор за поврзаноста на 5Г мрежата и коронавирусот. Овој пат, авторот на овој пост искористил видео од 2018 година, при што тврди дека истото е снимено за време на пандемијата и дека Индијците ги запалиле „антените на 5Г мрежата“. Порталб го најде оригиналното видео и вистинската причина за пожарот.

 

Авторот кој го објавил ова видео се обидува да го убеди читателот дека 5Г мрежата е причината за пожарот во видеото, односно дека населението во Индија ги запалило антените на 5Г мрежата.
Во Индија се палат антените на 5Г мрежата, гласи насловот на постот.

 

Во продолжение авторот ја враќа „познатата“ теорија на заговор за поврзаноста на 5Г мрежата и коронавирусот и меѓу другото пишува дека тоа се прави за во иднина да можат да го контролираат нашиот ум.
Сатанистите се потпираат на технологијата за електромагнетна фреквенција на EMП за да ја контролираат масата, преку зрачење и контрола на умот. Паметно би било да се отстранат овие 5Г инфраструктури за да се оневозможи контролата. Радиоактивните електромагнетни фреквенции предизвикуваат огромни здравствени проблеми, овие симптоми се од труењето со зрачење, а владата го нарекува Ковид, пишува тој во постот.

Но, што е вистината за ова видео?

 

Се што е објавено на страната „Роза Розмарина ” е невистинито, почнувајќи од видеото кое го рецензираме.  Истото видео, односно оригиналот, е објавено на “Јутјуб” на каналот ХиндиПрес на 27 јануари 2018 година. Пожарот избувнал во регионот на Амбала, Барара, а во тоа време коронавирусот уште не постоеше.

Истото видео на 20 јануари 2018 година е емитувано и на националната телевизија на Индија, „Индија ТВ”.

 

Според ова, објавеното видео во кое се тврди дека во Индија граѓаните ги палат антените за да се спасат од 5Г радијацијата е дезинформација, бидејќи пожарот се случил четири години порано, кога во Индија 5G мрежата не ни беше инсталирана. Ова видео кое наводно е снимано сега, пред четири години го објавија и други ТВ канали и нивното известување за пожарот можете да го видите тука, и тука.

 

Која е вистината за 5G мрежата и нејзината поврзаност со Ковид-19?

Не можеме да кажеме со сигурност од каде потекнуваат првите информации кои зборуваат за поврзаноста помеѓу корона вирусот и 5Г мрежата. Светските медиуми јавуваат дека вестите за ваквата поврзаност започнале во месец јануари, во времето кога загриженоста од Ковид-19 се проширила низ целиот свет. Некои тврдат дека Ковид-19 е измислен за да служи како покритие за здравствените последици од 5Г технологијата. Според оваа теорија, симптомите на вирусот; високата температура, кашлањето и отежнатото дишење, се всушност реакцијата на човечкото тело на изложеноста на зрачењето на 5Г технологијата. Друга теорија тврди дека мрежата 5Г го ослабува имунолошкиот систем, а друга вели дека вирусот ја користи мрежата и електромагнетните бранови за да ги одбере жртвите, забрзувајќи го на овој начин неговото ширење. Теоријата наиде на скептицизам кај експертите, кои посочуваат дека случаи на коронавирус се идентификувани во многу земји каде што сè уште нема 5GГмрежа. Како го толкуваат тоа?

 

Идејата дека 5G го ослабува имунолошкиот систем е неоснована. Човечкиот имунолошки систем може да ослаби поради бројни причини, од напорен ден до лоша исхрана. Овие работи, колку и да се мали, можат да ја зголемат склоноста кон заразување со вирусот. Електромагнетните бранови можат да ја нарушат човечката физиологија кога се загреваат, што значи дека имунолошкиот систем не може да функционира. Но, нивоата на енергија на брановите 5Г се прилично мали и се смета дека е невозможно да влијаат врз имунолошкиот систем. Има доста студии на оваа тема, изјави за Би-Би-Си Сајмон Кларк, доктор по молекуларна биологија.
Масовното ширење на информации за поврзаноста помеѓу инсталирањето на 5Г мрежата и корона вирусот достигна алармантни размери и потикна конкретни дејствија со вандалски акти. Како резултат на овие теории, во Велика Британија во градовите Ливерпул, Бирмингем беа пријавени десетици случаи на акти на насилство, имено, палење на антените на мобилните компании, како знак на протест против 5Г мрежата.

 

Во една заедничка изјава компаниите на мобилната телефонија во Велика Британија, БТ Груп, O2, Водафон и Три кои се во сопственост на СК Хатчисон Холдинг рекоа дека тврдењата се неосновани и во никој случај не се поврзани со пандемијата.

 

Овие тврдења не само што се неосновани, туку се и штетни за луѓето и бизнисите кои се потпираат на континуитетот на нашите услуги. Тие доведоа и до злоупотреба на нашите инженери и во некои случаи, го спречија и суштинското одржување на мрежата,  велат мобилните оператори.
До сега нема докази дека споменатите опции се вистинити, дека се поврзани една со друга или дека тие се причина за светската пандемска криза. Сè додека операторите признаваат дека работат и планираат да направат целосна инсталација на 5Г мрежата, нелогично е да се мисли дека тоа се прави во тајност, за време на полициски час. Нема индикации или студија која потврдува дека птиците умреле како резултат на 5Г „штетните бранови“ кои кај нас сè уште не се применуваат. Не постои никаков доказ дека светот морал да го измисли коронавирусот за да ги прикрие „последиците кои 5Г мрежата“ ги има врз здравјето на луѓето и другите живи суштества. Според досегашните студии, 5Г мрежата и корона вирусот немаат ништо заедничко.

 

Инаку, според „Википедија“, 5Г мрежата е петтата генерација на мобилната мрежа. Тоа е еден нов глобален стандард за бранови по развојот во фазите на 1Г, 2Г, 3Г и 4Г. Според тоа, брановите на 5Г мрежата се посилни и поврзувањето со мрежата е побрзо. Спектарот на фреквенцијата 5Г е поделен на милиметарски бранови, бранови со средна и мала должина. Нивното растојание е мало, па затоа се потребни повеќе антени. Милиметарските бранови потешко навлегуваат во многу ѕидови и прозорци, така што внатрешната покриеност е ограничена.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција