Во Косово политички препирки за приватноста и „просторијата за прислушување“

Нетрпеливоста помеѓу Албин Курти и Хашим Тачи во моментов се експонира преку наводен скандал за тоа дали Курти и други членови во Владата влегле во просториите од каде се врши законско прислушкување

 

Обвинувањата за нарушување на приватноста беа поднесени против тројца членови на Владата на Албин Курти од страна на претседателот на Косово, Хашим Тачи. Истите обвинувања беа поднесени против кабинетот на Курти и од страна на Демократската партија на Косово, што истовремено беше предводена од Хашим Тачи. Пред два дена, претседателот Хашим Тачи рече дека актуелниот премиер Албин Курти, неговиот заменик Хаки Абази и актуелниот министер за внатрешни работи Џелал Свечла влегоа во просторијата за прислушување во Косовскиот Телеком, спротивно на законот.

Тачи изјави дека Курти, Абази и Свечла ја запреле камерата и влегле 3 дена по ред. Во меѓувреме, актуелниот премиер Албин Курти ги нарече изјавите на претседателот лаги и клевети.

„Проблемот со противниците е што не можат да лажат само еднаш, тоа се клевети. Се чини дека на протагонистите на аферата „Пронто“ умот им е наменет за прислушување од времето кога вежбале италијански на мафијашите. Да не губиме време затоа што тие ги опишуваат желбите како факти, тие сакаат да влезат во просторијата за прислушување “, рече Курти пред новинарите.

Вицепремиерот Хаки Абази, во Фејсбук напиша дека Хашим Тачи е лажго. Во меѓувреме, Државното обвинителство започна да собира информации во врска со обвинувањата на претседателот Хашим Тачи, дека владините лидери нелегално се мешале во овие информации. Како одговор на KALLXO.com, Државното обвинителство потврди дека започнало собирање на информации. На неколку часа, актуелниот премиер го продолжи вербалниот судир со Претседателот, нарекувајќи го „разурнат претседател“ на објавата на неговиот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“.

„Стариот режим шпекулира низ телевизиските студија. Тие одбиваат да сфатат дека нивното време завршило. Тие се обидуваат да се вратат назад, преку притисок врз судиите на Уставниот суд. Секојпат кога ќе ги удриме за корупција, тие извикуваат „Амелика, Амелика! Гленел, Гленел! “ Тие сакаат да го оштетат имиџот на Соединетите држави во Косово, да го злоупотребат како засолниште за нивната инфериорност. Народот не му се предаде на еден човек. И ја направи промената на 6-ти октомври. Ниту, актуелната влада нема да се предаде на овој претседател. Следните денови ја одредуваат третата декада на 21 век. На која страна сте?“, напиша Курти.

Пратеникот на ПДК, Сејди Хоџа, на прес-конференција рече дека „податоците на над 1 милион граѓани на Косово и нивните 20-годишни комуникации се во рацете на Движењето Самоопределување, кое од сега ќе го уценува секое семејство и граѓанин на оваа земја”. Сејди Хоџа до октомври 2019 година, беше извршен директор на Поштата на Косово, каде подоцна поднесе оставка од оваа позиција.

KALLXO.com објави дека Сејди Хоџа, спротивно на законот за јавни претпријатија, имал две позиции, онаа на Пошта на Косово и претседател на огранокот на ДПК во Дренас. ДПК го повика Обвинителството да преземе итни мерки за „апсење на сите високи функционери во Телеком кои дозволија оваа нелегална посета од високи владини претставници во оваа просторија“.

Адвокатот Аријанит Коци во објава на Фејсбук даде некои објаснувања во врска со законската просторија за прислушување.Тој рече дека во оваа просторија, покрај влезните камери, секој влез-излез во објектот се снима и преку картички. Коци понатаму изјави дека бројот на луѓе што можат да влезат во овој дел е ограничен и дека е малку веројатно дека може да се влезе без да остават трага. Тој дури појасни дека мрежните оператори и давателите на услуги не смеат да чуваат мета-датуми (разговори, пораки, итн.) за период од повеќе од девет (9) календарски месеци. Во врска со овие случувања, началникот на Телеком Бурбуќе Хана за Радио Телевизија на Косово (РТК) потврди средба со министерот за внатрешни работи, Џeлал Свечла. Хана рече дека се сретнал со министерот во објектот Телеком, но не кажал дали имаат пристап до просторијата за прислушување или не.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција