Во лажно интервју за непостоечки „крипто-добивки“ злоупотребени имињата на Стефан Лазаров и Кристијан Ландов
Во манипулативниот маркетинг има и лажни „изјави од задоволни корисници“, се користат маркетинг-трикови на ургентност, односно се манипулираат граѓаните да веруваат дека оваа „понуда“ е итна и неодложна, а исто така се и кажува дека „Лазаров понудил да плати огромна сума пари за да биде исечен делот од интервјуто во кој тој го открива името на апликацијата од која наводно енормно заработува“. Интервјуто никогаш не било емитувано.
Во манипулативниот маркетинг има и лажни „изјави од задоволни корисници“, се користат маркетинг-трикови на ургентност, односно се манипулираат граѓаните да веруваат дека оваа „понуда“ е итна и неодложна, а исто така се кажува и дека „Лазаров понудил да плати огромна сума пари за да биде исечен делот од интервјуто во кој тој го открива името на апликацијата од која наводно енормно заработува“. Интервјуто никогаш не било емитувано
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која со невистинит маркетинг се цели граѓаните да паднат во мрежата на финансиска измама. Во објавата се споделува фотографија од јутјуберот Стефан Лазаров и пишува:
Трагичен крај Стефан Лазаров. Утринска вест за сите Македонци! Стефан Лазаров не знаел дека микрофонот е вклучен, се збогуваме со него засекогаш. Ова е тажен ден за цела Македонија. Интервјуто беше прекинато, но веќе беше доцна

Објавата води кон надворешна страница, специјално креирана за на неа да се најде невистинито креирано, лажно наводно „избришано“ интервју во коешто се измислени конверзации и цитати од наводна телевизиска емисија која никогаш не се случила! Во текстот се вели дека Стефан Лазаров во некакво интервју кај Кристијан Ландов кажал дека заработува пари со платформа чие име е наведено во текстот „Спектра Икс“. Во целото невистинито интервју се прават обиди да се прелажат граѓаните да „инвестираат“ 15 илјади денари со што и тие „би можеле да заработуваат“. Во лажниот маркетинг исто така се користат нереални ветувања, лажни позитивни искуства од Стефан Лазаров, злоупотребени се имињата на Лазаров и на Ландов.
Сета фабрикација е направена за да се изманипулираат корисниците на Фејсбук да ги испразнат нивните банкарски сметки за 250 евра, откако ќе бидат доведени во заблуда дека тоа е некаква „инвестиција поттикната или поддржана од Лазаров и дека тој некако веќе профитирал од платформата“. Но, Лазаров никогаш не дал вакво интервју во кое „презентирал како со помош на апликација за тргување со криптовалути се заработува“. Речениците со кои се манипулираат граѓаните да кликнат на оваа измамничка содржина, се крајно морбидни – „Трагичен крај на Стефан Лазаров“. Ова може да се протолкува како класичен клик-бејт наслов.
Во манипулативниот маркетинг има и лажни „изјави од задоволни корисници“, се користат маркетинг-трикови на ургентност, односно се манипулираат граѓаните да веруваат дека оваа „понуда“ е итна и неодложна, а исто така се кажува и дека „Лазаров понудил да плати огромна сума пари за да биде исечен делот од интервјуто во кој тој го открива името на апликацијата од која наводно енормно заработува“. Интервјуто никогаш не било емитувано.
„Вистиномер“ редовно ги дебанкира овие интернет измами во кои се злоупотребуваат имињата и фотографиите на јавни личности, на телевизиски куќи, затоа што тие се огромен ризик граѓаните да бидат оштетени за илјадници денари од нивната сметка. Овој лажен маркетинг освен тоа што е неетички, игра и на картата на наивните корисници на Фејсбук коишто непромислено би се залажале и без размислување би ги дале податоците од своите банкарски сметки, мислејќи дека така ќе заработат но завршуваат оштетени.
Секогаш кога на социјалните мрежи ќе дојдете во контакт со објави што ветуваат нереални добивки и кога маркетингот е експлицитно нападен – бидете внимателни.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар