Во Македонија се спроведуваат демократски и непосредни избори, а не избори под окупација

Фото: meta.mk

Во Македонија од нејзината независност па до денес, се спроведуваат демократски, слободни и непосредни избори. Никој во Македонија не може да спроведува избори под окупација, бидејќи тоа е противуставно, ниту па може да диктира кој да победи и кој да владее. Тоа е исклучиво одлука на граѓаните кои излегуваат на гласање. Лага е дека САД менаџираат изборни процеси во Македонија и дека даваат наредби кој да излезе на избори да гласа и кој да ја однесе победата. Целата објава изобилува со манипулативни тврдења кои не се засноваат на никакви докази и факти, туку на своеволно толкување, претставувајќи ги САД како некоја „сатанистичка држава“ кој е газда на Македонија. Такво нешто нема и е плод на фантазија

Во Македонија од нејзината независност па до денес, се спроведуваат демократски, слободни и непосредни избори. Никој во Македонија не може да спроведува избори под окупација, бидејќи тоа е противуставно, ниту па може да диктира кој да победи и кој да владее. Тоа е исклучиво одлука на граѓаните кои излегуваат на гласање. Лага е дека САД менаџираат изборни процеси во Македонија и дека даваат наредби кој да излезе на избори да гласа и кој да ја однесе победата. Целата објава изобилува со манипулативни тврдења кои не се засноваат на никакви докази и факти, туку на своеволно толкување, претставувајќи ги САД како некоја „сатанистичка држава“ кој е газда на Македонија

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која шири низа погрешни тврдења во врска со претседателските и парламентарните избори кои се одржаа на 8 мај.

Демократски избори 
Ме насмеавте. Одамна се избори под ОКУПАЦИЈА од сатанската Америка со седиште на кале
За овие 33 години, 16,5 години владееле #сдсШиптарска и 16,5 години владееле #дпСнеудбашка проверете. БЕШЕ ЈАСНО ОД ПРВ ДЕН ДЕКА НАРЕДБАТА ОД КАЛЕТО БЕШЕ #ДпСНеудбашка ДА ВЛАДЕЕ. ‼️ВТОРО И АЛБАНЦИТЕ НА ДУИ ПОСЛУШАА ПА НЕ ИЗЛЕГОА. ТАКА ИМ БЕШЕ НАРЕДЕНО.
ТРЕТО ДЕРКОВСКИ ЦЕЛО ВРЕМЕ СИ ИГРАШЕ СО БРОЈКИ И ГИ ЗАМАЈУВАШЕ ГЛАСАЧИТЕ – КАО 425000 ГЛАСАЧИ ИЗНЕСУВААТ 45% ОД НЕКОЈ СИ 1 МИЛИОН #ВКУПНО ГЛАСАЧИ А СЕ ЗНАЕ ДЕКА ВКУПНИОТ БРОЈ #ГЛАСАЧИ СЕ 1,8 МИЛИОНИ. Значи официјално #лице си играше со #бројката за цензус. Толку им беше битен цензусот што #ПЕЊА ИМ ФАТИ УСТАТА ПО МРЕЖИТЕ НА #ДпСНеудбашка ЗА БОЈКОТОТ НА ДУИ И ГРУБИ КАО НЕ ИЗЛАГАЛ.

Прво, објавата вели дека изборите не биле демократски, туку се спровеле под окупација од „сатанска Америка“.

Македонија по Устав е дефинирана како суверена, самостојна, граѓанска и демократска држава, па оттука во државава не се спроведуваат избори под окупација.

Членот 8 од Уставот, како темелни вредности на уставниот поредок, меѓу другото, ги наведува и „политичкиот плурализам и слободните непосредни и демократски избори“.

Во С, Македонија, изборите ги распишува претседателот на Собранието, по што сите кандидати поднесуваат свои предлог листи за избор кои ги разгледува Државната изборна комисија. Доколку ги одобри ДИК, партиите со тие листи излегуваат на избори кои се демократски и непосредни и на кои граѓаните самостојно одлучуваат за кого ќе го дадат својот глас. С, Македонија не е држава под окупација и избори под окупација не се спроведуваат од страна на никого, вклучително и од „сатанска Америка“, како што тврди објавата.

Меѓународните институции, ОБСЕ/ОДИХР, излегоа со позитивна оценка за изборниот ден, наведувајќи дека процедурите за гласање се почитувале во голема мера.

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Денот на изборите севкупно беше оценет позитивно при што во голема мера се почитуваа процедурите за гласање, додека во некои случаи при пребројувањето избирачките одбори не ги завршија целосно пропишаните процедури, се прелиминарните заклучоци на меѓународната набљудувачка мисија за изборите составена од претставници на ОБСЕ/ОДИХР и Советот на Европа.

Во излагањето на претставниците на овие меѓународни организации, никаде не се спомнува дека изборите во С. Македонија се спровеле под окупација на некоја држава.

Сличен е ставот и на набљудувачката мисија на изборите на Цивил. И Цивил во својот извештај не забележува никаде дека изборите се спровеле под нечија окупација, туку оценува дека тие поминале во мирна и демократска атмосфера, без инциденти и без значителни нерегуларности.

Понатаму, објавата погрешно тврди дека САД дале наредба кој да победи и кој да владее, како и дека им наредиле на ДУИ да не излезат на избори. Ова не е точно. Граѓаните гласаа и со мнозинство гласови одлучија својата доверба на претседателските и на парламентарните избори да им ја дадат на Гордана Сиљановска Давкова и на ВМРО-ДПМНЕ. Ниту САД, ниу било која друга странска држава не може да одлучи кој ќе владее во Македонија, тоа е одлука на граѓаните. Што се однесува до наводна наредба од САД до ДУИ да не излезат на гласање, за вакво нешто не постојат никакви докази.

Прво, американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер, уште на 23 април, пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори на 24 април, на Фејсбук порача дека ништо нема да се постигне со негласање.

Граѓаните и гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа тие гласачи… мора да гласаат. Тие мора да излезат таму и да го изберат кандидатот што ги одразува нивните соништа за иднината и ништо нема да се постигне со негласање, стои во пораката на амбасадорката Агелер објавена на Фејсбук на 23 април.

Никаде не може да се најде порака од САД или од амбасадорката на САД во која се повикува на бојкот.

Што се однесува до тоа дека ДУИ не излегле на гласање, сомнежот за тивок бојкот на вториот круг од претседателските избори од страна на оваа партија, се отворија кога Артан Груби во живо на Фејсбук, на денот на изборите, се снимаше како не го зима ливчето за претседателски избори.

Сепак, официјалните одговори од ДУИ се дека тие оставиле на сопствена волја на гласачите да одлучат дали ќе гласаат за претседател и дека официјално немало повик за бојкот од страна на партијата.

Имавме сооппштение дека Европскиот фронт остави на поддржувачите сами да изберат дали ќе гласаат за избор на претседател на државата. Тоа според бројките за излезноста се гледа, има помала излезност на претседателските во однос на парламентарните избори, но таа не е одлучувачка. Имало наши поддржувачи кои гласале, и има поддржувачи кои не гласале за претседателските избори, изјави портпаролот на ДУИ Арбер Адеми на 8 мај по затворањето на гласачките кутии.

Адеми додаде дека имало поддржувачи на „Европскиот фронт“ што гласале на претседателските избори. Такви, како што рече, се и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, техничкиот премиер Талат Џафери, како и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Дека имало повик за бојкот од страна на ДУИ, негираше и премиерот на техничката влада од редовите на оваа партија, Талат Џафери. Тој на 10 мај даваше отчет за сработеното на владата, при што на прашање дали повкувале на бојкот на претседателските избори, Џафери одговори:

Сите сме оставиле на слободна волја на граѓаните како да гласаат. Поединечните ставови не можат да се претстават како генерални ставови на Европскиот фронт. Во моето родно место, сега веќе претседателката на државата имала 100 гласови, а противкандидатот 127. Тоа е волја на граѓанинот.

Тој на 8 мај гласаше и на претседателски и на парламентарни избори.

Од сето ова можеме да заклучиме дека во Македонија од нејзината независност па до денес, се спроведуваат демократски, слободни и непосредни избори. Никој во Македонија не може да спроведува избори под окупација, бидејќи тоа е противуставно, ниту па може да диктира кој да победи и кој да владее. Тоа е исклучиво одлука на граѓаните кои излегуваат на гласање. Дезинформација е дека САД менаџираат изборни процеси во Македонија и дека даваат наредби кој да излезе на избори да гласа и кој да ја однесе победата. Целата објава изобилува со манипулативни тврдења кои не се засноваат на никакви докази и факти, туку на своеволно толкување, претставувавјќи ги САД како некоја „сатанистичка држава“ кој е газда на Македонија. Такво нешто нема и е плод на фантазија. Поради тоа, објавата која ја анализираме, ја оценуваме како невистинита.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција