Во МАЛМЕД досега пристигнале 231 пријава за несакани ефекти после вакцинација
Во Центарот за фармаковигиланца* во Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД, пристигнале 133 пријави за несакани ефекти после вакцинација против ковид-19, кои ги поднеле лекари. Вкупно 88 пријави за несакани ефекти доставиле фармацевтите, а 10 другите здравствени работници. Досега во земјава се аплицирани 1.694.373 дози вакцини, а ревакцинирани се 47 проценти од полнолетните граѓани во државата
Во Центарот за фармаковигиланца* во Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД, пристигнале 133 пријави за несакани ефекти после вакцинација против ковид-19, кои ги поднеле лекари. Вкупно 88 пријави за несакани ефекти доставиле фармацевтите, а 10 другите здравствени работници. Досега во земјава се аплицирани 1.694.373 дози вакцини, а ревакцинирани се 47 проценти од полнолетните граѓани во државата
Што се случува со пријавите за несакани ефекти откако ќе пристигнат во МАЛМЕД?
Таков беше случајот со миокардитис како несакан ефект во ретки случаи после вакцинација со Фајзер вакцината. Се утврди откако се пушти вакцината во употреба и тоа од страна на Европската агенција за лекови (ЕМА). Така и ние дадовме соодветна варијација дека можен несакан ефект од вакцинација е и тоа. Генерално, сакам да кажам дека процентот на несакани ефекти е мал, рече директорот на МАЛМЕД, Лирим Шабани.
Станува збор за пријава на смрт кај 53 годишен маж, после примена вакцина комирнати на „Фајзер“. Оваа пријава е регистрирана во септември. Исто така, има и пријава за 85 годишен маж после примена вакцина на „Астра Зенека“, пријава која е дојдена во април месец. И двата случаи ги пријавиле лекари, 24 часа после смртта. Едното лице починало две недели после примањето на вакцината. Ова не се потврдени информации затоа што ако се појави реакција, не значи дека е последица на вакцината. Треба да се испита од што боледувало лицето претходно, какви лекови земало. За едниот од починатите, го разгледав досието, навистина имаше голем број коморбидитети, рече раководителката на сектор во МАЛМЕД, Мерием Хаџихамза.
Ние црпиме податоци оттаму за тоа што се случува на европско ниво и ја следиме ситуацијата, но немаме пристап до базата за да праќаме пријави, велат од МАЛМЕД.
*(pharmacovigilance (анг.) – наука и активности кои се однесуваат на откривање, проценка, осознавање и превенција на несакани ефекти или било кој друг проблем поврзан со лековите)
Овој напис е изработен во рамките на Проектот за брзо справување со вакциналните дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Тој е првично објавен во Вистиномер, а e овозможен со поддршка на Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, БТД или нивните партнери.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар