Во маркетите во Србија не се продава „вода во прав“

Фото: Skitterphoto, CC0, via Wikimedia Commons

Споделената фотографија не прикажува вистински производ од трговските полици. Станува збор за сатирична фотомонтажа направена со цел да предизвика хумор и забава на социјалните мрежи, која дел од корисниците погрешно ја сфатија како вистинска вест.

Споделената фотографија не прикажува вистински производ од трговските полици. Станува збор за сатирична фотомонтажа направена со цел да предизвика хумор и забава на социјалните мрежи, која дел од корисниците погрешно ја сфатија како вистинска вест

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:

Само додавате вода, и добивате… Вода!
Генијално, нели?! Вода во прав. Само за морони.

Објавата споделува и фотографија од производ наречен „Akvavela – Voda u prahu“ (Аквавела – Вода во прав), кој наводно се продава во маркетите по цена од 289 српски динари (RSD). На пакувањето стои упатството дека за подготовка е „доволно да се додаде вода“.

Главниот доказ за неавтентичноста на производот е самиот пишан концепт. Упатството „доволно е да додадете вода“ за да добиете вода претставува класичен парадокс и хумористичен апсурд.

На самата амбалажа на фотографијата е јасно видлив воден печат (watermark) од веб-страницата folkoteka.org. Овој портал е познат по објавување забавна содржина, вицови и мемиња во регионот.

Во официјалните регистри на производи и трговски марки во Србија и регионот не постои бренд или производител под името „Akvavela“ кој дистрибуира пакувана вода или слични артикли.

Вистиномер ја побара фотографијата на Гугл и најдовме дека таа првично е објавена на Фејсбук-страницата на folkoteka.org со хаштаг „сарказам“, „хумор“, „спрдња“, „смешно“.

Дополнително во првиот коментар од страницата додаваат:

Идеално за оние кои не сакаат флаширана вода. 😂🤣😂
МОРАМ да додадам дека ова е вештачка интелигенција, бидејќи некои луѓе навистина стануваат зависни од коцките Хепо среде лето!

Во реалниот свет постои научен поим наречен „сува вода“ (dry water), кој визуелно потсетува на прашок (прав). Сепак, тоа не е производ за пиење. Се работи за специфична супстанца каде 95% од составот е обична вода, но секоја микро-капка е обложена со силициум диоксид (песок). Овој материјал се користи исклучиво во лаборатории, козметичката индустрија и за складирање гасови, а не за комерцијална продажба во маркети.

Споделената фотографија не прикажува вистински производ од трговските полици. Станува збор за сатирична фотомонтажа направена со цел да предизвика хумор и забава на социјалните мрежи, која дел од корисниците погрешно ја сфатија како вистинска вест.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција