Во нашата земја нема данок на криптовалути

Фото: Traxer on Unsplash

Во објавата не се појаснува за која земја се однесуваат даноците на криптовалутите, кои се различни во секоја земја, ниту се споменува дека во нашата земја нема таков данок. Па на тој начин читателите се доведени во заблуда. Во нашата држава тргувањето и поседувањето на криптовалути или виртуелни средства е легално, додека законски е парцијално регулирано со Законот за спречување на перење пари. Во моментов, земјата нема конкретна регулатива што ги забранува криптовалутите, но исто така нема и детален закон што директно го регулира нивното користење

Во објавата не се појаснува за која земја се однесуваат даноците на криптовалутите, кои се различни во секоја земја, ниту се споменува дека во нашата земја нема таков данок. Па на тој начин читателите се доведени во заблуда. Во нашата држава тргувањето и поседувањето на криптовалути или виртуелни средства е легално, додека законски е парцијално регулирано со Законот за спречување на перење пари. Во моментов, земјата нема конкретна регулатива што ги забранува криптовалутите, но исто така нема и детален закон што директно го регулира нивното користење

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Threads, во која се тврди дека има данок на криптовалути и се објавува водич за подетално разбирање на данокот. Ова е објава извадена од контекст, бидејќи во нашата земја тргувањето со криптовалути не е воопшто регулирано и нема данок на криптовалути.

Во објавата и во насловот на текстот споделен во неа стои: Данок на криптовалути: Разбирање и најдобри практики, но не пишува за која земја е овој данок.

Во дел од текстот пишува:

Криптовалутите стануваат сè попопуларни кај индивидуите и бизнисите поради нивната децентрализирана природа, сигурност и висока ликвидност. Сепак, со предностите доаѓаат и даночните обврски кои многумина ги сметаат за збунувачки. Овој водич ќе ви помогне да ги разберете основите на даноците на криптовалути, вклучувајќи што претставуваат, како се разликуваат од традиционалните средства, и најдобрите практики за минимизирање на даночните обврски.

Во целиот текст со неколку поднаслови во кој се појаснува што е данок на криптовалути и се делат совети како да се минимизираат овие даноци, никаде не се споменува за која земја се однесуваат даноците.

Во дел од текстот дури стои дека има високи казни за непочитување на законите, но повторно не е наведено за која земја се однесува текстот, ниту е потенцирано дека тоа не е за нашата земја каде што пазарот со криптовалути не е воопшто регулиран.

Како и во голем број други земји, така и во нашата држава нема општоприфатена дефиниција за крипто-средствата. Нашата тековна законска рамка не познава термин „крипто-средство“.

Кај нас, како и во други земји, прашањето на издавање, вложување и тргување со крипто-средствата не е регулирано, вклучително ниту во Законот за девизно работење (и неговите подзаконски акти) којшто го регулира и работењето со странство. Сепак, ова не значи дека работењето со крипто-средствата е недозволено, туку во моментов тоа е нерегулирано, стои на официјалната страница на Народна банка.

Во нашата држава тргувањето и поседувањето на криптовалути или виртуелни средства е легално, додека законски е парцијално регулирано со Законот за спречување на перење пари. Во моментов, земјата нема конкретна регулатива што ги забранува криптовалутите, но исто така нема и детален закон што директно го регулира нивното користење.

Во голем број земји има регулиран пазар со криптовалути и воведени даноци на криптовалути.

Во принцип, крипто валутите подлежат на данок на капитална добивка или данок на доход – но сè зависи од правилата на секоја држава одделно. Во секоја земја каде се оданочуваат има различни начини и модели на оданочување.

Но, од друга страна, голем број земји се и ослободени од даноци со криптовалути.

Од земјите на Балканот, Косово официјално забрани „копање“ на криптовалути. Во Албанија криптовалутите се легализирани со закон, додека во другите земји од регионот официјално не е забрането, но, сепак, не е ниту законски регулирано.

Од наведените факти јасно се гледа дека тргувањето со криптовалути е различно регулирано во различни држави. Во објавата не се појаснува за која земја се однесуваат даноците на криптовалутите, кои се различни во секоја земја, ниту се споменува дека во нашата земја нема таков данок. Па на тој начин читателите се доведени во заблуда.

Написот, исто така, наликува и на промотивен текст, но ни за тоа нема никакво објаснување. Ако станува збор за промотивен напис, кој се однесува, на пример, на лица кои инстирале во криптовалути во странство, тоа не е јасно наведено и повторно читателите се доведуваат во заблуда.

Заради сето ова, објавата оценуваме дека на објавата и ѝ недостига контекст.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција