Во тек е изградбата на нов водовод во Општина Желино
Ветување: Ангажман за изградба и одржување на водоводот
Буџет: 650 илјади евра, 150 илјади евра (Општина Желино)
[Изборна програма за локалните избори( 15 октомври 2017) наградоначалникот на Општина Желино, Блерим Сејдиу ]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Во предизборната програма на градоначалникот на Општина Желино, Блерим Сејдиу, во делот “Инфраструктура”, е дадено ветувањето: „Ангажман за изградба и одржување на водоводот”. Реализацијата на ова изборно ветување на градоначалникот Сејдуи е во тек.
На 07.05.2018 година информирајќи ја јавноста за изградба на водоводот од Општина Желино изјавија:
Се работи за проект што се реаилзира од Министерството за транспорт и вркси со грант финансиран од Европската инвестициска банка. Проектот е вреден 650.000 евра, од кои 550.000 се предвидени за реализација на проектот, а другите 150.000 се обезбедени од буџетот на Општина Желино
За проектот за изградба на водоводот информираа и медиумите:
Во првиот квартал од следната година се очекува да биде изграден цевководот и резервоарот за вода во општина Желино, со кој целосно ќе се реши проблемот со водоснабдувањето во 18-те населени места. Инвестицијата е со вредност од 665 илјади евра, обезбедени преку заем од Европската инвестициска банка (ЕИБ).
Тогаш (07.05.2018) во посета на Општината беше и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески кој потенцираше дека проектот е многу значаен за целата Општина, во која од 18 населени места само во едно е целосно регулирано водоснабдувањето. По тој повод минестерот Сугарески изјави:
Преку овој проект ќе создадеме услови да го решиме овој проблем за да овозможиме во следниот период останатите населени места нормално да бидат снабдени со вода, рече Сугарески. Изведувачите и надзорот информираа дека изградбата тече согласно дадените рокови и очекуваме да биде завршена во првиот квартал од следната година.
Министерот дополни дека изградбата на водоснабдителниот систем во Желино е дел од програмската определба на Владата за обезбедување високо ниво на покриеност на територијата на Македонија со водоводна и канализациска мрежа.
Имајќи ги предвид овие информации, а и тоа што го видовме при нашата теренска проверка, ова изборно ветување на градоначалникот на Општина Желино, Сејдиу: „Ангажман за изградба и одржување на водоводот”, го оценуваме „во тек“.
ИЗВОРИ:
- Изборна програма за локалните избори( 15 октомври 2017) наградоначалникот на Општина Желино, Блерим Сејдиу [проверено на 18.06.2018]
- Телеграфи (07.05.2018) Продолжува градежнте равоти за водоводот во Општина Желино [проверено на 18.06.2018]
- А1on.мк (07.05.2018) Се гради нов водовод во Желино, инвестиција од 665 илајди евра [проверено на 18.06.2018]
- Официјален веб-сајт на Општина Желино (07.05.2018) Градоначалникот Блерим Сејдиу и министерот Горан Сугаревски ги следеа одблиску градежните работи за изградба на водоводот и главниот резервуар во Општина Желино [проверено на 18.06.2018]
Оцени: Дрилон Салиу
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар