Во ова вирално видеo Зеленски е изваден од контекст

Фото: Принтскрин видео

Генералниот консензус на оние што зборуваат руски и украински јазик е дека претседателот Зеленски не го навреди директно и не му се обрати на Џеј ди Венс. Не се работи за навреда, туку знак на иритација, не за лице туку за ситуација. И нотификација на социјалната мрежа „Икс“ го објаснува овој контекст – дека зборот е знак на генерална фрустрација, а не навреда

Генералниот консензус на оние што зборуваат руски и украински јазик е дека претседателот Зеленски не го навреди директно и не му се обрати на Џеј Ди Венс. Не се работи за навреда, туку знак на иритација, не за лице туку за ситуација. И нотификација на социјалната мрежа „Икс“ го објаснува овој контекст – дека зборот е знак на генерална фрустрација, а не навреда

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук:

Зеленски го опцу Венс со руска пцовка, су́ка блядь (кучка курва). Дали крајот вака мириса?
Следете го македонскиот канал со вести за новиот постзападен свет…

Како што пишуваат проверувачите на факти на „Франс 24“ во виралното видео и објава коишто се шират на социјалните мрежи со украинскиот претседател Володимир Зеленски, се тврди дека тој наводно е фатен на камера како го нарекува потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс „кучка“ за време на состанокот во Белата куќа.

Ваквите објавите на социјалните мрежи се вирални, но како што објаснуваат од „Франс 24“, тие се извадени од контекст.

Генералниот консензус од оние што зборуваат руски како мајчин јазик е дека претседателот Зеленски не го навреди директно и не му се обрати на Џеј ди Венс. Лице што има диплома од факултет по руска филологија, вели дека овој збор може да се преведе во „кучка“, но само кога е користен како именка, а не се користи кога се однесува на лице или место. Друго лице контактирало со лице во Белорусија, кој го објаснува истото. Дека не се работи за навреда туку знак на иритација, не за лице туку за ситуација. И нотификација на социјалната мрежа „Икс“ го објаснува овој контекст – дека зборот е знак на генерална фрустрација, а не навреда. Така што, се работи за збор во руската и украинската култура, се вели во видеото на проверувачите на факти на „Франс 24“. 

Како што пишуваат проверувачите на факти на „Сноупс“, од видеоматеријалот не е доволно јасно што кажал Зеленски, односно се слуша дека изговара некој збор на „с“, но недоволно јасно.

Дури и ако Зеленски кажал „сука“, тоа не би значело во секој случај дека го навредува Венс директно. Терминот може да биде генерален експлицитен збор на украински. Зборот е експлицитен, наменет за ситуации, а не за индивидуа, пишува „Сноупс“. 

Јуриј Шевчук, професор по украински јазик на „Универзитетот Колумбија“ за „Сноупс“ тврди дека не е уверен дека тоа што Зеленски го кажал бил конкретниот збор.

Шевчук рече дека не може да каже со сигурност што Зеленски изговорил, но дека верува дека било нешто во контекстот „ох, не пак!“, пишува „Сноупс“. 

Кристина Головакова, лектор на руски и украински јазик на „Корнел Универзитетот“ го опиша зборот како ширококористен експлицитен збор на украински.

Буквално значи „женско куче“, но често се користи да означи фрустрација, лутина, иритација или очај, додава таа за „Сноупс“.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како објава во која се пропушта контекстот.

 

 



 

 

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција