Во пожарот во тетовската модуларна болница не загинаа 30, туку 14 лица

Фото: Мета

Откако во Тетово избувна пожар, во кој до темел изгоре ковид центарот сместен во модуларната болница и откако стана јасно дека во трагичниот настан има и починати граѓани, медиумите почнаа да лицитираат со неточни бројки на починати што предизвика паника кај граѓаните и семејствата

Откако во Тетово избувна пожар, во кој до темел изгоре ковид центарот сместен во модуларната болница и откако стана јасно дека во трагичниот настан има и починати граѓани, медиумите почнаа да лицитираат со неточни бројки на починати што предизвика паника кај граѓаните и семејствата

 

Медиумот Точка објави дека меѓу починатите имало и медицински персонал, што не е точно. Истиот медиум во своето првично информирање посочи дека имало 30 жртви на пожарот, иако официјалните бројки на Министерството за здравство вечерта беа 10 лица, а утредента 14 лица, чии тела беа пренесени на обдукција на Институтот за судска медицина во Скопје. Претходно, Сител објави дека неофицијално бројот на починати е 30 лица, при што ваквата информација беше преземена и од други портали.

И телевизијата објави дека меѓу починатите неофицијално, имало медицински персонал, што не е точно.

Потоа и други медиуми се надоврза на оваа информација, односно ја пренесе.

Податокот за 30 починати меѓу кои и медицински персонал се најде и на порталот Мактел.

Имаше и медиуми кои ја преземаа информацијата но ја избришаа.

Ваквата дезинформација се прошири и на социјалните мрежи.

Министерството за здравство во соопштение до медиумите информираше дека во пожарот загинале вкупно 14 лица. Во ковид центарот за време на пожарот имало вкупно 26 пациенти, останатите 12 се на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност. Нема настрадани здравствени лица. Неколкумина се со полесни повреди.

Од Министерството вечерта, кога се случи пожарот, апелираа да не се шпекулира со бројките, бидејќи сите потврдени информации навремено ќе бидат споделени со јавноста.

Оценуваме дека не е вистина дека во тетовската болница починале 30 лица во пожарот кој избувна во модуларната болница. Починале 14 лица и сите се пренесени на Институтот за судска медицина во Скопје на обдукција и на утврдување на идентитетот.

 

 

 

 

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за брзо справување со вакциналните дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Тој е првично објавен во Вистиномер, а e овозможен со поддршка на Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, БТД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција