Во Прилеп се изградени 76 социјални станови

Социјална зграда во Прилеп Фото: Мета

 

Изградба на станбен објект со социјални станови. Во наредниот период ќе биде изградена станбена зграда со 76 социјални станови кои се наменети за социјално загрозените лица, кои немаат обезбедено сопствен дом. Со овој проект, за кој веќе средства се одобрени од Владата на Република Македонија (Министерството за труд и социјална политика), ќе се реши станбеното прашање на повеќе семејства од општина Прилеп и ќе им се обезбедат квалитетни и достоинствени услови за домување. Буџет: 115 милиони денари. (Извор на средства: Буџет на РМ. Рок за реализација: 2013-2014 година.)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето на градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески за изградба на станбена зграда со 76 социјални станови е исполнето ветување, содржано во неговата предизборна програма за локалните избори 2013-2017 година „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобар Прилеп!“ (стр.57).

Изградбата на социјалните станови во Прилеп почна на 21.03.2013 година, кога беше поставен камен темелникот на станбената зграда во населбата Точила.

Објектот ќе се протега на површина од 3.220 метри квадратни, а средствата за изградба на становите се обезбедени од Европската банка за поддршка и развој, Владата и Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, информира Фактор.

На 28.07.2015 година, агенцијата Мета објави дека привршува изградбата на социјални станови во Прилеп.

Во завршна фаза се градежните активности околу изградбата на 76 социјални станови во населбата Точила во Прилеп.

На 02.02.2016 година, медиумите објавија информација дека во Прилеп е завршена изградбата на зграда со 76 социјални станови и дека е извршена нивна прелиминарна распределба.

За социјално ранливите категории во Прилеп е изградена нова станбена зграда со 76 станови. Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски денес присуствуваше на прелиминарната електронска распределба на новоизградените домови, напиша Билд.

Вселувањето во социјалните станови почна на 17.08.2016 година.

Добитниците на социјалните станови во Прилеп денеска ги добија клучевите и започнаа со вселување во своите нови домови, информира телевизија Нова.

Реализацијата на проектот за изградба на 76 социјални станови во Прилеп е забележана и во Отчетот на градоначалникот Ристески за сработеното во 2016 и 2017 година, што тој го објави на официјалната страна на Општина Прилеп на 10.02.2017 година.

27. После една деценија Прилеп, доби нова социјална зграда каде свој дом добија 76 семејства од социјално ранливите семејства. Изградбата на зградата чинеше 135 милиони денари.

Имајќи го предвид сето погоре наведено, како и роковите за реализација наведени во програмата, може да се заклучи дека ова ветување на градоначалникот на Прилеп е исполнето, со забелешка дека е реализирано со задоцнување од две години.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Ана Анастасовска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција