Во Расадник не е изградена монтажна катна гаража
Во предизборието за локалните избори во 2013 г. ВМРО ДПМНЕ за жителите на Општина Кисела Вода вети:
Проект: Поставување на монтажна катна гаража до спортската сала „Расадник“. (Рок на реализација 2014 г.)
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Ветувањето за изградба на монтажна катна гаража крај спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода не е исполнето.
Ова ветување го даде актуелната градоначалничка на Општината Билјана Беличанец – Алексиќ во Изборната програма насловена како Нови дела за нов напредок – Нови дела за Општна Кисела Вода, а која, всушност, е дел од предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори во 2013 година. Ветувањето е дадено во делот Комунални работи и инфрасдтруктура на стр. 44.
Со детална проверка на јавно достапни податоци и на интернет, барајќи низ медиумите во Македонија, не може да се најде податок дека оваа монтажна катна гаража е почната да се гради, дека е во некоја фаза на градба или дека е завршена.
Веттената монтажна гаража кај Расадник не се споменува ниту во Отчетот на градоначалничката по првите 365 дена од мандатот.
Проверка е направена и на самото место. Катна гаража нема. Во меѓувреме, видливо е дека има потреба од нејзе, зашто најблиските згради што се наоѓаат изградени до спортската сала Расадник во истоимената населба, немаат доволно простор за паркирање на возилата на станарите, па истите можат да се видат паркирани на неодбележен паркинг на самата пристапна улица, со што ја намалуваат нејзината проточност и безбедноста.
Самата идеја за катна гаража околу спортската сала „Расадник“ или во близина не е нова. Со пребарување на интернет може да се најдат податоци дека тоа го планирал уште градоначалникот Џорџе Арсов во 2007 година, како и неговиот наследник Марјан Ѓорчев во 2011 година.
ИЗВОРИ:
- Извор: Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ и Билјана Беличанец Алексиќ (2013-2017), Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Кисела Вода! (Комунални работи и инфрасдтруктура на стр. 44) [Пристапено: 14.06.2016]
- Официјален портал на Град Скопје (23.02. 2007): Градоначалникот Костовски ја посети општината Кисела Вода [Пристапено на 14.06.2016]
- Нова Македонија (03.03.2011 година): Јавни паркиралишта во Кисела Вода – [Пристапено на 14.06.2016]
- (2014 година) Веб-страница на Општина Кисела Вода: 365/Дела – отчет на градоначалничката за првите 365 дена од мандатот [Пристапено на 14.06.2016]
Оценил: Teо Блажевски
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар