Во Ријад не се разговарало Северна Македонија да излезе од НАТО
Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, во текстот на Билд никаде не се наведува дека во преговорите во Ријад се разгледува повлекување на американските трупи од Албанија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Унгарија, Литванија, Црна Гора, Северна Македонија, Полска, Романија, Словачка, Словенија и Шведска. Како што пишуваат проверувачите на факти на Истиномер, не постои ни реченицата дека „ако ова сценарио се исполни тогаш НАТО би се вратил на своите граници од пред 1997 година што е долгогодишно барање на Москва“
Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, во текстот на Билд никаде не се наведува дека во преговорите во Ријад се разгледува повлекување на американските трупи од Албанија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Унгарија, Литванија, Црна Гора, Северна Македонија, Полска, Романија, Словачка, Словенија и Шведска. Како што пишуваат проверувачите на факти на Истиномер, не постои ни реченицата дека „ако ова сценарио се исполни тогаш НАТО би се вратил на своите граници од пред 1997 година што е долгогодишно барање на Москва“
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Ако се договорат Трамп и Путин – Македонија излегува од НАТО, пишува германски БИЛД: Русите бараат НАТО да го напушти Косово и Хрватска, Црна Гора, Северна Македонија и други да се повлечат од НАТО…
Во склоп на објавата се споделува текст со истиот наслов како и описот на објавата. Во текстот е изнесено дека „според информациите што ги пренесува германскиот весник „Билд“ една од главните теми на разговори меѓу САД и Русија во Ријад е прашањето за повлекувањето на американските војници од земјите на НАТО кои се приклучија на алијансата по 1990 година“.
Во текстот се додава дека во декември 2021 година, рускиот претседател Владимир Путин упатил слични барања до Западот, барајќи гаранции дека НАТО нема дополнително да се прошири и дека американските сили ќе ги напуштат земјите кои станаа членки на алијансата по Студената војна.
Весникот „Билд“ пишува дека еден од клучните аспекти на разговорите во Ријад е разгледување на можноста за повлекување на американските сили од Албанија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Финска, Унгарија, Летонија, Литванија, Црна Гора, Северна Македонија, Полска, Романија, Словачка, Словенија и Шведска. Доколку ова сценарио се реализира, тоа би значело значително намалување на американското влијание во Европа, особено во земјите кои станаа клучни сојузници на Вашингтон во регионот во последните неколку децении. Повлекувањето на американските трупи би значело дека овие земји ќе мора да ги финансираат сопствените безбедносни потреби или да се потпрат на други европски земји како Германија и Франција, кои немаат воена сила споредлива со онаа на САД, се истакнува во текстот од објавата што ја рецензираме.
Текстот најверојатно е превод и адаптација на текст од „Информер“.
Меѓутоа оригиналниот текст на „Билд“ воопшто не споменува дека ако се договорат Трамп и Путин Македонија ќе излезе од НАТО, туку весникот повикувајќи се на источноевропски безбедносни лица наведува дека Путин ќе ги повтори своите барања од 2021 година кои во тоа време биле – американските трупи да се повлечат од сите НАТО-држави коишто се приклучија кон алијансата после 1990 година. Без да ги наведува поединечно, „Билд“ повикувајќи се на „Фајненшал Тајмс“ анализира:
Путин сака НАТО трупите да се повлечат од целата поранешна советска империја. Европските власти сметаат дека е веројатно Трамп да се согласи на повлекување на американските војници од Балтикот и можеби подалеку кон запад. Според информации на Билд, само американските бази во Рамштајн Германија и воздушните бази во Велика Британија не се на дневен ред за преговарање. Остатокот од Европа мора да се подготви за длабоки промени ако Трамп и Путин се согласат.
Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, во текстот на Билд никаде не се наведува дека во преговорите во Ријад се разгледува повлекување на американските трупи од Албанија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Унгарија, Литванија, Црна Гора, Северна Македонија, Полска, Романија, Словачка, Словенија и Шведска. Како што пишуваат проверувачите на факти на Истиномер, не постои ни реченицата дека „ако ова сценарио се исполни тогаш НАТО би се вратил на своите граници од пред 1997 година што е долгогодишно барање на Москва“.
Билд, всушност, во анализата ги објавува своите сознанија од западни безбедносни служби и политичари, дека тие стравуваат дека преговорите во Ријад може да доведат до тоа американски трупи да се повлечат од големи делови на Европа. Во текстот на Билд се цитира и поранешниот министер за надворешни работи на Литванија Габријелијус Ландесбергис кој изјавил:
Лавров бараше НАТО да се врати на своите граници од 1997 година и да се повлече од сите земји освен источна Германија во интерес на стабилноста во Европа. Па зошто Путин не би го барал тоа во Ријад?
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков демантираше дека Русија барала повлекување на НАТО трупите од своето источно крило, посебно од земји што се приклучиле кон Алијансата после 1997 година вклучително Полска, Унгарија и Чешка, откако шефот на кабинетот на романскиот претседател и советник за одбрана и национална безбедност, Кристиан Диаконеску рече дека Русија овој предлог „го изнела во текот на состанок со американски претставници во Ријад а дека американската делегација го одбила“.
НАТО има 32 членки, а после 1990 година кон НАТО се приклучија Чешка, Унгарија, Полска, Бугарија, Естонија, Летонија, Литванија, Романија, Словачка, Словенија, Албанија, Хрватска, Црна Гора, Северна Македонија, Финска и Шведска.
Проверувачите на факти на Раскринкавање пишуваат дека иако Црна Гора е членка на НАТО, во таа држава не постои ниедна НАТО или американска воена база.
Проблематично е и тврдењето дека некоја држава може да бара повлекување на земјите членки од НАТО, без одлука на сите 32 сојузници, како што се вели во текстот. Сите одлуки во НАТО, па и тоа кој ќе го напушти сојузот се носат едногласно. Ако земјата сака да го напушти сојузот, отказниот рок е година дена, пишува Раскринкавање.
Во 70 години постоење на НАТО немало ниеден случај земја да истапи од сојузот.
Но, имало истапување од воените структури. Тоа значи дека повеќе држави останаа во НАТО сојузот ама некое време не сакаа нивните воени сили да подлежат на командната структура на НАТО. Сите подоцна сепак се вратија на старо, се вели во текст на Дојче Веле.
Поради сите горенаведени факти објавата ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар