Во САД има програма за заштита од повреди од вакцини, вклучително и за ковид-19

Фото: Spencer Davis on Unsplash

Тврдењето дека „Бајден ги заштити Фајзер и Модерна од тужби за повреди и смртни случаи од вакцината до 2029 година“ е извадено од контекст. Продолжувањето на важењето на регулативата што се споменува во објавата не е за таа цел, туку за да се има превенција во случај ковид да стане јавноздравствена закана до 2029 година

Тврдењето дека „Бајден ги заштити Фајзер и Модерна од тужби за повреди и смртни случаи од вакцината до 2029 година“ е извадено од контекст. Продолжувањето на важењето на регулативата што се споменува во објавата не е за таа цел, туку за да се има превенција во случај ковид да стане јавноздравствена закана до 2029 година

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Threads во која пишува:

Бајден ги заштити Фајзер и Модерна од тужби за повреди и смртни случаи од вакцините против Ковид до 2029 година.

Во склоп на објавата се споделува текст во којшто пишува дека „администрацијата на Бајден пред да замине тивко го продолжи законот кој ги заштитува производителите на вакцини против ковид од тужби за повреда или смртни случаи“.

Според претставниците на Министерството за здравство (HHS), ова е неопходно бидејќи сè уште постоело „веродостоен ризик“ дека пандемијата би можела повторно да излезе од контрола во следните четири години, иако смртните случаи и хоспитализациите од Ковид се на историски ниско ниво. Законот за јавна подготвеност и итни мерки (PREP Act), кој беше воведен во 2020 година, првично служеше за охрабрување на производителите на вакцини да го забрзаат истражувањето без страв од правни последици поради несакани ефекти, пишува во текстот.

Но, малку подолу, во истиот текст, веќе се доведува во прашање контекстот на  насловот дека „производителите на вакцини се амнестирани од одговорност при повреда од вакцина“:

Овие случаи не се покриени од Програмата за компензација за повреди од вакцини (VICP), туку од Програмата за компензација за повреди од противмерки (CICP), која нуди финансиска компензација без директно држење на производителите одговорни. Претставниците на Министерството за здравство, под раководство на секретарот Ксавиер Бечера, ја објавија оваа одлука пред два дена, наведувајќи дека истата нема да влијае на CICP или VICP.

Countermeasures Injury Compensation Program (CICP) е програма во САД за компензација на повреди од вакцини која обезбедува компензација за опфатени сериозни повреди или смртни случаи кои настануваат како резултат на примена или употреба на одредени контрамерки. Надоместокот може да вклучува надоместени медицински трошоци (трошоци кои здравственото осигурување не ги покрива), изгубениот приход од вработување и надоместокот за смрт кон семејството. 

Програмата постои зашто некои јавно здравствени итни ситуации во кои се користат вакцини, лекови или други средства за да се превернира, дијагностицира или третира јавноздравствена закана, може да доведат до потреба за компензација.

 

Противмерките (меѓу кои и вакцини н.з.) спасуваат животи. Најголемиот дел од луѓето што ги примаат немаат сериозни проблеми но како и секој друг лек, тие може да имаат несакани ефекти – од кои повеќето се благи, пишува на сајтот на програмата.

Наведеното дека „Бајден ги заштити Фајзер и Модерна од тужби за повреди и смртни случаи од вакцината до 2029 година“, е извадено од контекст, зашто продолжувањето на важењето на регулативата што се споменува во објавата не е за таа цел, туку со цел да се има превенција во случај ковид да стане јавно-здравствена закана до 2029 година.

Одлучив дека има кредибилен ризик и дека е можно ковид -19 во иднина да претставува итна состојба и ја продолжувам оваа Декларација за да се подготвиме и да го превенираме тој ризик, пишува во одлуката којашто не е потпишана од Бајден, туку од секретарот на Департментот за здравство и услуги Хавиер Бецера. Тоа може да се види на последната страница на документот. 

Значи, во САД има програма наречена Vaccine Injury Compensation Program (VICP), од која им се плаќа на луѓето повредени од стандардни детски вакцини и ги штити производителите на вакцини од судски спорови. Иако ковид вакцините не се покриени со таа програма, сепак се покриени од друга.

Ковид вакцините не се покриени од оваа програма Vaccine Injury Compensation Program (VICP). Но, ковид вакцините се покриени од друга програма наречена Countermeasures Injury Compensation Program (CIPS) од која им се надоместуван а луѓето за повреди или смртни случаи поради вакцини, пишува Блумберг.

Така што, во САД постои програма којашто ги заштитува граѓаните од несакани ефекти од примена ковид вакцина, под посебно спроведени услови, коишто се наведени, е важен контекст дека постои нивна заштита од страна на државата.

Листата на вакцини кои се покриени со оваа програма, се наведени на следниот линк. 

Тука спаѓаат контрамерките против антракс, акутен радијациски синдром, ковид, ебола, Марбург, нервни агенти и некои инсектициди, пандемиска инфлуенца, сипаници и Зика.

За да се добие компензација според оваа програма, не е доволно само да има временска поврзаност меѓу употребата на покриената контрамерка (вакцина) и почетокот на повредата.

Потребно е да постојат убедливи, веродостојни, валидни, медицински и научни докази, од кои ќе се утврди дека повредата или смртта се директно предизвикани од администрацијата или употребата на покриена противмерка, наведуваат од програмата. 

Точно е наведеното во објавата дека не може да се тужат производителите на вакцините во САД, но може да се добие компензација од државна програма за таа намена, што е случај и за ковид вакцините. Исто така, во насловот на објавата се споменуваат само „Фајзер“ и „Модерна“ иако во САД и други производители на пазарот имаат администрирано ковид вакцини и иако во одлуката што администрацијата на Бајден ја донела, не се споменува конкретно ниеден производител.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека  во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција