Во САД не се случија никакви масовни апсења

Војници на Националната гарда во Вашингтон. Фото: Википедија

Откако е објавен постот – 15 јануари, поминати се десет дена, во кои не бевме сведоци на масовни апсења во САД! Такво нешто не се случи ниту на 17, ниту на 24 јануари. Фотографијата со која е илустриран постот,  е снимена на 6 јуни 2020 г., а  објавена  на 9 јуни, на веб-стрницата  „Форбс“ во текст со наслов: „Членови на националната гарда кои одговорија на протестите во (Вашингтон) Ди-Си се покажаа позитивни на коронавирусот“.  Во овој пост искористена во сосема друг контекст, заради маниупулација и креирање на поинаква слика во јавноста

Откако е објавен постот – 15 јануари, поминати се десет дена, во кои не бевме сведоци на масовни апсења во САД! Такво нешто не се случи ниту на 17, ниту на 24 јануари. Фотографијата со која е илустриран постот,  е снимена на 6 јуни 2020 г., а  објавена  на 9 јуни, на веб-стрницата  „Форбс“ во текст со наслов: „Членови на националната гарда кои одговорија на протестите во (Вашингтон) Ди-Си се покажаа позитивни на коронавирусот“.  Во овој пост искористена во сосема друг контекст, заради маниупулација и креирање на поинаква слика во јавноста

 

Објава на социјалната мрежа Фејсбук ја дезинформира јавноста дека ќе се случуваат масовнн апсења во САД и дека ќе се затворат границите. Во прилог на постот е  објавена  фотографија заедно со следниот текст:

Недела или Понеделник …Трамп ке прати 7 пораки до секој мобилен телефон глобално. Бурата започна, ке се преземат сите телевизии глобално од U.S војската , ке емитуваме видео признанија од уапсени сатанисти неколку часа на ден, висока елита,масовни апсења на сите влади ширум планетата 10 дена блекаут. Америка ги затвори границите

Ваква порака-информација никогаш не била објавена од поранешниот претседател на САД, Донал Трамп. Да имаше такво нешто, немаше да помине незабележано од медиумите. Напротив, ќе привлечеше огромно внимание.

Во постот намерно се користи временската одредница „недела или понеделник“  без да се каже точно „кога“, наводно, ќе се случат масовните апсења.Токму на овој момент забележуваат некои од корисниците кои коментираат под објавата. Таков е, на пример, овој коментар каде што со доза на иронија се вели:

Ова недела по нивно, понеделник по наше време а? И ова Трамп прво и директно на тебе ти кажа? Секоја чест, дај види дознај што планираат и за до крајов на годинава барем да знаеме на што сме…“

Впрочем, откако е објавен постот – 15 јануари, поминти се десет дена, во кои не бевме сведоци на масовни апсења во САД! Такво нешто не се случи ниту на 17, ниту на 24 јануари.

Што се однесува до фотографијата со која е илустриран постот, со пребарување на „Гугл“ може да се види дека таа е снимена на 6 јуни 2020 г., а  објавена на 9 јуни, на веб-стрницата  „Форбс“ (forbes.com), во текст со наслов: „Членови на националната гарда кои одговорија на протестите во Д.Ц. се покажаа позитивни на коронавирусот“

Фотографијата е направена од  Drew Angerer/Getty Images, а во нејзиниот опис пипшува:

Вашингтон, ДЦ – 6 ЈУНИ: Членовите на Националната гарда се распоредуваат во близина на Белата куќа, додека се закажани мирни протести против полициската бруталност и смртта на Џорџ Флојд, на 6 јуни 2020 година во Вашингтон. Се очекува луѓето да се соберат на Вашингтон за да учествуваат во мирните протести по смртта на Џорџ Флојд, афрамериканец кој беше убиен на 25 мај во Минеаполис за време на апсењето.

Така што, јасно е дека  во конкретниот случај фотографијата е искористена во сосема друг контекст, заради маниупулација и креирање на поинаква слика во јавноста.

Но, наспроти тоа што го говорат фактите оваа објава е прилично вирална. Во моментот кога е пишувана оваа рецензија има 755 допаѓања, 212 споделувања и 142 коментара.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција