Во Скопје нема организирана група која киднапира деца
Вистиномер побара изјава од МВР со цел да разјасниме, дали постои или не организирана група која киданпира деца сред бел ден во Скопје, како што тврди објавата. Портпаролот на МВР Гоце Андреевски демантираше дека има такво нешто
Вистиномер побара изјава од МВР со цел да разјасниме, дали постои или не организирана група која киданпира деца сред бел ден во Скопје, како што тврди објавата. Портпаролот на МВР Гоце Андреевски демантираше дека има такво нешто
Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека во Скопје имало организирана група која краде деца сред бел ден.
Предупредување до сите родители!!! Вчера на лулашки во Ѓорче Петров моите родители беа со ќерка ми, додека си играле со неа, во меѓувреме повозрасна жена заедно со 13-14 годишно девојче се обиделе да украдат 3 годишно дете кое исто така било на игралиштето!
Среќа жената која била со детенцето во секунда почнала да вика и рипнала од клупата по женава која го држела за рака и пробала да се одалечи со 3 годишното девојче!
Жената почнала на слаб македонски јазик (со албански акцент) да се правда дека детето само ја фатило за рака и веднаш избегала заедно со тинејџерката која била со неа. Веднаш било повикано и полиција и се трага по жената! ОЧИ ОТВОРЕНИ 10 СО ВАШИТЕ ДЕЦА, ОЧИГЛЕДНО ИМА ОРГАНИЗИРАНА ГРУПА НИЗ СКОПЈЕВО КОЈА КРАДЕ ДЕЦА СРЕД БЕЛ ДЕН!!!, стои во објавата.
Случајот опишан во објавата, беше нотиран и во дневниот билтен на МВР од 03.11.2024 година, но во него никаде не се спомнува никаква организирана група која краде деца сред бел ден во Скопје, ниту, пак, некаков обид за киднапирање.
Вчера околу 14 часот А.Б.(40) од Скопје пријавила во ПС Ѓорче Пртров дека во паркот во Ѓорче Петров позади општината, додека била со нејзините две деца, М.М.(46) од Скопје, која била со своето дете, викнала едно од децата на А.Б. да седи со нејзиното дете и им дала да јадат. Потоа М.М. со детето на А,Б. тргнала накај пазарот, по што А.Б. истрчала по нив и си го земала детето. Со М.М. е извршен службен разговор во ПС Ѓорче Петров и посочила дека сакала да го однесе детето кај своите деца додека да го најде родителот. М.М. е писмено предупредена и известен е јавен обвинител, извести МВР.
Вистиномер побара изјава од МВР со цел да разјасниме, дали постои или не криминална група која киданпира деца сред бел ден во Скопје, како што тврди објавата. Портпаролот на МВР Гоце Андреевски демантираше дека има такво нешто.
Не пости никаква криминална група која киднапира деца. Апелираме да не се шират непотребно паники на социјалните мрежи. Разговарано е со жената. Понатаму Јавното обвинителство го презема случајот и тоа ќе утврдува дали жената лажела во изјавата дадена за полицијата или не, изјави Андреевски за Вистиномер.
Очигледно е дека објавата има за цел да дезинформира и да шири паника. Во Ѓорче Петров немало криминална група која краде деца сред бел ден.
Слични дезинформации дека се киднапираат деца во Скопје се ширеа претходно и истите Вистиномер ги дебанкираше.
Поради сето погоре, оценуваме дека објавата која ја анализираме е делумно невистинита. Вистиномер не се бавеше со првиот дел од објавата во која се објаснува случајот, зашто за тоа прашање истрагата сè уште не е затоврена. Но, она што е сигурно и што е важно да се знае за да не се крева паника и да не се шират дезинформации, тоа е дека во главниот град нема организирана група која киднапира деца.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар