Текстот говори за имуницазија на српски граѓани, насловот за вакцинација на Македонци!

Фото: Принтскрин видео

Насловот на текстот што е споделен во овој пост е манипулативен. Тој е надвор од контекстот на самиот напис, во кој е  пренесена изјава на државниот секретар на Министерството за здравство на Србија, Мирсад Ѓерлек, кој ги повикува граѓаните на Србија да се вакцинираат. Ѓерлек воопшто не говори за имунизација на странци,  вклучително и на Македонци

Насловот на текстот што е споделен во овој пост е манипулативен. Тој е надвор од контекстот на самиот напис, во кој е  пренесена изјава на државниот секретар на Министерството за здравство на Србија, Мирсад Ѓерлек, кој ги повикува граѓаните на Србија да се вакцинираат. Ѓерлек воопшто не говори за имунизација на странци,  вклучително и на Македонци

 

Објава на социјалната мрежа Фејсбук ја дезинформира јавноста дека граѓаните на нашата држава можат да се вакцинираат во соседна Србија без закажување. Во постот е споделен текст со наслов којшто ги повикува Македонците да навалат на вакцинација во соседството:

Македонци нaвaлeтe: Bakцинациja во Србиja без зakaжувaњe

Арно ама, ова не е така.

Насловот на текстот е манипулативен. Тој е надвор од контекстот на самиот напис. Наспроти тоа што го тврди насловот, во содржината на текстот воопшто не се спомнува дека вацинацијата се однесува за С. Македонија.

Во самиот напис се најавува дека во Србија се отвораат 50 нови пунктови за вакцинација, каде што граѓаните ќе можат да се имунизираат без да закажат термин. Пренесена е и изјава на државниот секретар на Министерството за здравство на Србија, Мирсад Ѓерлек, во која тој информира за состојбата со вакцинацијата во Србија и ги повикува нивните граѓани да се вакцинираат. Тој посочува дека таму досега првата доза на вакцина за коронавирус ја примиле 1.435.000 граѓани и дека 1.017.000 граѓани биле ревакцинирани.

Целосно имунизирани се 651.000. Продолжуваме со брзата имунизација. Луѓе морате да сфатите дека спасот за излез од оваа ситуација е брзата вакцинација.

Проблемот не е во вакцините, туку во нас. Ќе имаме вакцини од сите производители, ќе ги има за сите што сакаат да се вакцинираат. Не чекајте на повикот, тие ќе ве примат во секој момент, бидејќи сега брзината и масата на вакцинирање се важни ако сакаме да одиме на одмор во текот на летото“,  вели Ѓерлек.

Значи, во текстот никаде не се говори за имунизација на странци, вклучително и на Макдеонци.

Но, наспроти ваквата содржина на текстот, избран е манипулативен наслов кој не одговара на содржината на написот и кој испраќа погрешна порака, ама тоа се прави намерно со цел да се привлечат што повеќе кликови. Затоа и во сензационалистички манир повикува: Македонци нaвaлeтe: Bakцинациja во Србиja без зakaжувaњe.

А, дека вакцинацијата важи само за граѓаните на Србија, потврди и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, која деновиве изјави дека нема да продолжи вакцинацијата на странски државјани.

Медиумите ја пренесоа изјавата на српската премиерка во која таа говори дека покажале солидарност во најтешките можни времиња и дека на Северна Македонија ѝ испратиле 8.000 вакцини на „Фајзер“ и 40.000 вакцини Спутник V.  Во оваа прилика Брнабиќ  најави дека во Србија пристигаат 106.470 вакцини „Фајзер“ и 500.000 „Синофарм“, истовремено додавајќи дека:

Вакцинирањето на граѓаните од регионот нема да продолжи во моментот, но дека и во иднина помошта ќе се дава.

Фото: Принтскрин видео

Инаку, на крајот на минатиот месец повеќе илјади граѓани  од регионот, вклучително и македонски се вакцинираа во Србија. Според директорот на владината Канцеларија за е-Управа, Михаило Јовановиќ, досега во Србија се вакцинирале 39 илјади странци, најмногу од БИХ, Северна Македонија и Црна Гора.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција