Во тек е изградбата на катна гаража позади Буњаковец

Иако рокот наведен во март годинава нема да биде запазен, изградбата е во тек. Фото: Вистиномер

Проект: Изградба на нова катна гаража позади трговскиот центар Буњаковец

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Проектот „Изградба на нова катна гаража позади трговскиот центар Буњаковец” e дел од Изборната програма на Андреј Жерновски, кандидат за градоначалник на општина Центар (во делот Eфикасна паркинг политика во служба на граѓаните на Центар, страница 8) за локалните избори во 2013 година. Реализацијата на ова ветување на Жерновски, за кое важи општиот рок наведен во програмата, односно 2017 година, е во тек.

Изградбата на новата катна гаража, градоначалникот Жерновски повторно ја афирмираше во март 2016 година, кога беше најавена таканаречената пролетна градежна офанзива. Тогаш тој најави дека катната гаража би требало да биде готова до средината на јули 2016 година.

На 28.06.2016 година медиумите го најавија почетокот на изградбата на катната гаража со која ќе стопанисува Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар”. Во Деталниот урбанистички план е предвидено гаражата да биде на осум ката и да биде висока 29 метри. Но со најавата за отпочнување со изградбата на монтажната гаража од Општината информираа дека монтажната гаража ќе биде на еден кат, со што двојно би се зголемиле паркинг местата од 48 на 104, а површината би била 1.850 квадратни метри. Со тоа би се надминал и стравот на жителите околу Трговскиот центар “Буњаковец” дека со 8 катна гаража не би имало нормално струење на воздухот.

При започнувањето на изградбата на катната гаража позади Буњаковец беше најавено дека таа би била готова до 1 септември. Иако е надминат првично најавениот рок за изградба на катната гаража до средина на јули, имајќи предвид дека градежните активности се во тек, ова ветување го оценуваме како во тек.

ИЗВОРИ

 

Оценето од: Милена Јосифовска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција