Во тек е изградбата на водоводот во Општина Липково
Проект: Систем за водовод во Општина Липково
Буџет: 3.6 милион евра (вкупно 2 милиони евра – Министерство за животна средина, а за станицата за филтрирање Европската Банка за инвестиции обезбедила 1.3милион евра, а Општина Липково досега 300.000 евра.)
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
За локалните избори (15 октомври 2017) Еркан Арифи, тогаш кандидат на ДУИ за градоначалник на Општина Липково, а сега прв човек на оваа Општина, вети „ завршување на изградбата на водоводот во сите населби во Општината и обезбедување вода за пиење за сите“. Ова изборно ветување дадено во неговата предизборна програма , во делот „Модерна инфраструктура“ (стр. 6) , а тој истото го повтори и во кампањата, е во тек.
На 06.11.2017 година прашан од „Порталб“, за приоритетите во неговата Општина, Арифи изјави:
Приоритет број еден е започнување на активностите за изградба на водоводот во Општина Липково. Веднаш по доаѓањето на градоначалничката функција започнавме со поставување на цевките за водовод на целата територија на Општина Липково, од село Матече, кон Хотле и Липково, со вредност од 500.000 евра, средства обезбедени од Министерството за животна средина. Според договорот со Министерството за животна средина и приватната компанија овој зафат треба да зафрши во следните месеци.
За ова ветување градоначалникот Арифи на 28.12.2017 година изјави:
Од Министерството за животна средина се обезбедени 500 илјади евра за водоводот Липково-Хотле- Матече. Со ова верувам дека следната година проектот на водоводот ќе се заврши целосно и ќе се затвори еден долгорочен проблем…
На 17.02.2018 година Општина Липково излезе со кратко соопштение:
Градоначалникот Еркан Арифи, денеска заедно со жителите на Општина Ликово и неговиот кабинет, излегоа да ги следат активностите околу изградбата на водоводот на Општина Липково…
Инаку, активностите за изградба на водоводот започнаа во 2010 година и се одолговлекуваат со години. Граѓаните на Општина Липково не ретко реагираат за тешките услови и проблемите со водата. На пример, во село Оризаре тие се жалат дека бунарот е пресушен. Во некои села (станува збор за повеќе од 430 куќи и над 25000 жители) вода вадат со кофи, а преку лето ситуацијата станува уште полоша.
Актуелниот градоначалник Арифи ветува дека водоводот во Општина Липково ќе стане реалност во следните две години. За целосна реализација на овој проект Министерството за животна средина обезбедило вкупно 2 милион евра, за станицата за филтрирање Европската Банка за инвестиции обезбедила 1.3милион евра, а Општина Липково 300.000 евра.
Имајќи ги предвид сите овие информации, според методологијата на „Вистиномер“, ветувањето на Арифи за „започнувања и изградба на системот за водоснабдување во Општина Липково“, го оценуваме во тек.
ИЗВОРИ:
- Тетова сот (10.05.2017): Кандидатот за градоначалник на Општина Липково, Арифи: „Сите наши проекти ќе станат реалност“ [проверено на 15.03.2018]
- Веб страница на Општина Липково (17.02.2018): Градоначалникот Арифи денеска беше да ги следи од блиску активностите во Липково [проверено на 15.03.2018]
- Порталб.мк (06.11.2017) Овие се трите приоритети на градоначалникот на Липково Еркан Арифи [проверено на 15.03.2018]
- Порталб.мк (28.12.2017) Еве што ветување првиот човек на Липково за неговиот четригодишен мандат проверено на 15.03.2018]
- Лајмпресс (14.01.2018) 6 милион евра за системот за водоснабдување во Липково [проверено на 15.03.2018]
- Ина Онлајн (14.01.2018) 6 милион евра за системот за водоснабдување во Липково [проверено на 15.03.2018]
- ТВ 21 (19.01.2018) Проблеми со водата во Липково: Градоначалникот им ветуваше решение за три години [проверено на 15.03.2018]
Оцени: Дрилон Салиу
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар