Во Украина не се спроведуваат истражувања поврзани со биолошко оружје

НАТО ознака за биолошко оружје Фото: CdnMCG, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Не е точно дека лабораториите во Украина служат за создавање на „биолошко оружје“ – тие се за истражување опасни патогени како антракс, туларемија и други заразни болести, но со цел нивно следење, дијагностика и развој на методи за откривање и спречување епидемии.

Не е точно дека лабораториите во Украина служат за создавање на „биолошко оружје“ – тие се за истражување опасни патогени како антракс, туларемија и други заразни болести, но со цел нивно следење, дијагностика и развој на методи за откривање и спречување епидемии. Во мај 2020 година, Службата за безбедност на Украина објави соопштение во кое ги повикува политичарите да престанат да шират лажни информации за постоење на странски воени биолаборатории во Украина 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Руското Министерство за одбрана соопшти дека добило, како што ги опишува, нови докази што укажуваат дека во Украина се спроведуваат истражувања поврзани со биолошко оружје. Според Службата за хемиска и биолошка одбрана на руските вооружени сили, украинските биолаборатории спровеле студии поврзани со патогени поврзани со чума, антракс, туларемија, како и вирусите Марбург и Ебола.

Не е точно дека лабораториите во Украина служат за создавање на „биолошко оружје“ – тие се за истражување опасни патогени како антракс, туларемија и други заразни болести, но со цел нивно следење, дијагностика и развој на методи за откривање и спречување епидемии.

Министерството за одбрана на САД и Министерството за здравство на Украина имаа партнерство од 2005 година за подобрување на лабораториите за јавно здравје и спречување на заканата од епидемии на заразни болести во Украина. Ова беше дел од Програмата за соработка за намалување на заканата од постојните програми за оружје за масовно уништување во поранешните советски републики, која почна во 1991 година.

Приказната за „тајните американски биолаборатории во Украина” е мит на руската пропаганда. За таа цел се злоупотребува изјавата на Викторија Нуланд дека има биолошки лаборатории за истражување во Украина, за кои постои загриженост дека руските сили ќе ги преземат под своја контрола и затоа САД соработува со Украина за да се осигури дека материјалите од биолошките истражувања не паднат во рацете на руските сили.

Светската здравствена организација ѝ препорача на Украина да ги уништи патогените од лабораториите за да се спречи да се прошират и да настанат болести.

Истражувачот за биолошко оружје и професорка на Кингс Колеџот во Лондон, Филипа Ленцос, за „Франспрес“ изјави дека нема индикации дека овие лаборатории во Украина се користат за да се развие биолошко оружје, туку нивната цел е да превенираат ширење на заразни болести.

Како што претходно пишуваше „Вистиномер“, оваа теорија на заговор руската страна ја шири уште од 2018 година.

Самото присуство на патогени како антракс или туларемија не е доказ за програма за биолошко оружје. Исти патогени се чуваат и изучуваат во лаборатории низ светот, вклучително и во САД, Германија, Франција, Русија и многу други земји. Во науката и меѓународното право постои голема разлика меѓу истражување на патоген (легално и вообичаено) и развој на биолошко оружје.

Договорот меѓу САД и Украина од 2005 година, има цел да се спречат биолошките закани, а не да се создаваат.

Според Договорот од август 2005 година, украинската и американската влада се согласиле да соработуваат за „да го спречат ширењето на опасни патогени и поврзаната експертиза и да ги минимизираат потенцијалните биолошки закани“.

Во мај 2020 година, Службата за безбедност на Украина објави соопштение во кое ги повикува политичарите да престанат да шират лажни информации за постоење на странски воени биолаборатории во Украина.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека е невистина оти во Украина се спроведувале „истражувања поврзани со биолошко оружје“.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција