Во вакцината на Фајзер нема наночипови и графен оксид
Никсон е доктор кој работи во Бризбејн, Австралија и тој не е првиот кој почна да ја шири дезинформацијата дека во вакцините на Фајзер, наводно има нанотехнологија, односно некакви роботи коишто составуваат објекти во човековото тело. Проверувачи на факти од Нов Зеланд, веќе ги оценија како неточни ваквите тврдења, само изнесени од страна на друго лице. Експертите се децидни дека наводите за нанотехнологија во вакцините против ковид-19 се невистина, и дека во нив воопшто нема електронски компоненти. Во однос на тврдењето изнесено во текстот линкуван во постот, дека во вакцините против ковид има графен оксид, и тоа не е точно, овој материјал не е на листата на состојки на фајзеровата вакцина или на која било друга вакцина
Никсон е доктор кој работи во Бризбејн, Австралија и тој не е првиот кој почна да ја шири дезинформацијата дека во вакцините на Фајзер, наводно има нанотехнологија, односно некакви роботи коишто составуваат објекти во човековото тело. Проверувачи на факти од Нов Зеланд веќе ги оценија како неточни ваквите тврдења, само изнесени од страна на друго лице. Експертите се децидни дека наводите за нанотехнологија во вакцините против ковид-19 се невистина и дека во нив воопшто нема електронски компоненти. Во однос на тврдењето изнесено во текстот линкуван во постот, дека во вакцините против ковид има графен оксид и тоа не е точно. Oвој материјал не е на листата на состојки на фајзеровата вакцина или на која било друга вакцина
Пост на Фејсбук тврди дека во вакциите против ковид-19 има наночестички и графен оксид. Ваквите тврдења не се поткрепени со никакви медицински докази и факти и не кореспондираат со реалноста.
ОВА Е ОГРОМНО❗
МЕЈСТРИМ МЕДИУМ ОБЈАВИ ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА BAKЦИHИТЕ ВО КОЕ ДОКТOP ТВРДИ ДЕКА ОТКРИЛ НАНОБОТОВИ ПОД МИКРОСКОП И УШTE НЕШТО ОД ШТО СИТЕ СЕ ПЛАШАТ, пишува во постот.
Постот споделува и напис кој се повикува на истражување на извесен д-р Дејвид Никсон, кој кажува дека ја истражувал вакцината на Фајзер и крвта на вакцинирани луѓе со Фајзер под микроскоп.
Внатре во капката вaкцина има чудни механички структури. На почетокот тие изгледаат неподвижни, но кога Никсон користи тајм-лапс фотографија за да ги спои снимките од 48 часа во две минути, она што се покажува се нешто како механички краци кои ги собираат и расклопуваат светлечките правоаголни структури кои изгледаат како кола и микрочипови. Ова не се „инженерски производи“ според ЦДЦ, бидејќи тие самите се конструираат и деконструираат, но се чини дека формирањето на кристалите е стимулирано од електромагнетното зрачење и престанува кога слајдот на вaкцината е заштитен со Фарадеева кеса, се вели во текстот.
Текстот тврди дека „наодите на Никсон се слични на оние во Нов Зеланд, Германија, Шпанија и Јужна Кореја“.
Никсон е доктор кој работи во Бризбејн, Австралија, со посебен интерес на дијабетесот, кардиоваскуларните болести и менаџментот на овие состојби. Но, тој не е првиот кој почна да ја шири дезинформацијата дека во вакцините на Фајзер, наводно има нанотехнологија, односно некакви роботи коишто составуваат објекти во човековото тело.
Проверувачи на факти од Нов Зеланд пишуваа за идентични тврдења, само изнесени од страна на друго лице. Тогаш, доктор од Нов Зеланд тврдеше дека вакцините против ковид-19 содржат микроскопски електронски елементи кои се составуваат во телото на вакцинираните. Но, ова тврдење е невистинито.
На листата на состојки на вакцината на Фајзер која што е објавена од Медсејф, регулаторно тело за вакцини во Нов Зеланд, нема такви компоненти. Тврдењата за микроскопски елементи кои се составуваат во телото на вакцинираните, експерти по имунологија ги нарекуваат чиста фантазија и бесмислица. Извесен доктор Мет Шелтон тогаш тврдеше дека во вакцината на Фајзер има наночестички кои се составуваат во телото (поточно тврдеше дека има микроскопски само составувачки електронски компоненти регуларни геометриски форми кои никогаш не се појавуваат во природата), по што стотици измамени граѓани кои поверуваа во оваа невистина повикуваа на детоксикација на вакцинираните за, како што велеа, да ги извадат овие несакани тешки метали и слободни радикали надвор од телото.
Потоа медицинскиот совет на Нов Зеланд ја прогласи неговата суспензија заедно со двајца други доктори, поради тоа што го истражувале нивното однесување со пациентите во контекст на ковид пандемијата.
Од Фајзер за проверувачи на факти од Нов Зеланд велат дека на нивната листа на состојки нема електронски компоненти во склоп на составот.
Експерти тврдат дека наводите за нанотехнологија во вакцините против ковид-19 се невистина.
Нема електронски компоненти во нив воопшто. Вакцината на Фајзер е всушност солена вода со честички коишто пловат, а кои се направени од масти познати како липиди, а кои содржат деликатни делови од мРНК што е многу честа молекула во нашите тела,вели доктор Кајли Квин од Универзитетот за здравје и биомедицински науки.
Според доктор Квин, напредни форми на микроскопија се потребни за да се погледне надворешноста на липидните наночестички, а камоли нивните состојки.
Би било предизвик ако не и невозможно директно да се гледаат состојките на честичките формирани од овие липиди под микроскоп. Зашто нивната мала големина ги става во нано опсегот. Тие се околу 60 до 100 пати помали отколку бело крвно зрнце така што може да заличат на мали точки под нормален микроскоп, додава доктор Квин.
Професорот на Универзитетот Квинсленд, Кит Чапел вели дека тврдењето за нанотехнологија во вакцините е смешно.
мРНК вакцините содржат наночестички ама тие се состојат од липиди и молекули на холестерол. Овие се слични на микроскопски точки од масти коишто ја носат вакцината во клетките. Ова дефинитивно не се електронски компоненти и ова нема смисла на ниедно ниво, изјави тој.
На владината страница за информации поврзани со вакцините во Австралија, во делот за прашања за митови и факти, за тоа дали вакцините содржат микрочип или каков било вид на технологија за следење, пишува дека такво нешто не постои.
Што се однесува до тврдењето, исто така, изнесено во текстот што го анализираме, дека во вакцините против ковид има графен оксид, и тоа не е точно.
„Вистиномер“ на оваа тема веќе има пишувано.
Графен оксид е материјал кој настанува со оксидација на графен. Графен е единечен слој на графит (меката супстанца која ја има во врвот од моливите за пишување). Графен оксидот има потенцијална употреба во електрониката, оптиката, хемијата, складирањето енергија и биологијата, е објаснето во напис објавен во журналот „Фронтиерс оф Физикс“ во јануари 2019 година.
„Асошиејтед прес“ извести дека и покрај тоа што имало истражувања за тоа дали се користел графен оксид во некои вакцини (во количества кои за човекот не би биле токсични), материјалот не е на листата на состојки на фајзеровата вакцина или која било друга вакцина.
Не е на листата на состојки и нема никакви шанси да е присутен, изјави Ален Мајерсон, професор по хемиски инженеринг на Институтот за технологија Масачусетс.
И на официјалната веб-страница за вакцинација во земјава, каде се наведени состојките на сите вакцини кои се администрираат во Северна Македонија, се гледа дека во нивниот состав нема графен оксид.
Од сите горенаведени факти, можеме да заклучиме дека вакцините против ковид-19 не содржат нано чипови и графен оксид. Поради тоа, постот што го анализираме го оценуваме како невистинит.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар