Водата „Ругове“ од Косово не е забранета

Фото: Jonathan Chng on Unsplash

На крајот од февруари годинава АФВ добила лабораториски наод од Факултетот за ветеринарна медицина на Македонија за пратка природна изворска вода „Ругове“ од 1,5 литри во количина од 22,338 литри и во оваа пратка било утврдено присуство на колиформни бактерии. Но, водата „Ругове“ не е забранета, туку АХВ согласно законот ги известила инспекторите да го зголемат интензитетот на официјалните контроли и од наредните 10 пратки со природна изворска вода кои потекнуваат од Косово да земаат лабораториски мостри за испитување на микроорганизми.  И, наспроти изнесеното во објавата, оваа пратка од 22,338 литри не отишла во Град Скопје, ниту пак, влегла на пазарот

На крајот од февруари годинава АФВ добила лабораториски наод од Факултетот за ветеринарна медицина на Македонија за пратка природна изворска вода „Ругове“ од 1,5 литри во количина од 22,338 литри и во оваа пратка било утврдено присуство на колиформни бактерии. Но, водата „Ругове“ не е забранета, туку АХВ согласно законот ги известила инспекторите да го зголемат интензитетот на официјалните контроли и од наредните 10 пратки со природна изворска вода кои потекнуваат од Косово да земаат лабораториски мостри за испитување на микроорганизми.  И, наспроти изнесеното во објавата, оваа пратка од 22,338 литри не отишла во Град Скопје, ниту пак, влегла на пазарот

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Советниците на град Скопје, новинари и гости пијат контаминирана косовска вода „Ругове” која е забранета. Срамота при толку Мак. води.

Точно е дека на крајот од февруари годинава, Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија добила лабораториски наод од Факултетот за ветеринарна медицина на Македонија со лабораториски резултат број 2025/2/113 за пратка природна изворска вода „Ругове“ од 1,5 литри во количина од 22,338 литри, со потекло од УЈ Ругове, Косово.

Во неа (во оваа пратка) било утврдено присуство на колиформни бактерии што не било во согласност со Правилникот за посебните барања за безбедност на природна минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода (,Службен весник на РМ“ бр. 184/20218), а лабораторискиот наод е извршен со акредитиран методISO/IEC/17025:2018 под број ЛТ-006. Производител на пратката e УJ Рyгове, Косово.

Но, водата „Ругове“ не е забранета, туку АХВ согласно член 88 од Законот за безбедност на храна, ги извести инспекторите да го зголемат интензитетот на официјалните контроли и од наредните 10 пратки со природна изворска вода од увоз кои потекнуваат од Косово (независно од кој производител е и за кој оператор е наменета пратката), да земаат лабораториски мостри за испитување на микроорганизми согласно Правилникот за посебните барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната. Трошоците за извршените анализи се на товар на операторот со храна-увозникот.

Наспроти изнесеното во објавата, оваа пратка од 22,338 литри не отишла во Град Скопје ниту пак, влегла на пазарот.

Изминатиот месец, 27 пратки вода „Ругове“ биле извезени и биле сертифицирани со лабораториски тестови од Нациионалниот институт за јавно здравје на Косово. Овие тестови исто така вклучувале параметар за присуство на колиформни бактерии.

Во секој од овие резултати е потврдено дека оваа бактерија не беше пронајдена во водата на компанијата „Ругове“. Ги поседуваме резултатите од тестовите и тие се негативни (без присуство на бактерија), објави Агенцијата за храна на Косово.

Со објаснување се јави и компанијата „Ругове“, производител на водата. Според неа, нејзините производи се извезуваат во Северна Македонија преку дистрибутер и подложни се на ригорозен процес на лиценцирање во времетраење од 2 години, по сите стандарди.

Компанијата е во третата година од присуството на пазарот, период без проблеми и со високи стандарди за квалитет. На 12 февруари, анализа за квалитетот на водата во 1,5 литарски пластични шишиња, најде дека иницијалниот примерок, не го помина тестот. Анализираниот примерок беше дел од стандардната процедура за контрола на граничниот премин, пред влез на производот на пазарот. После првата анализа, направено беше второ тестирање од страна на македонските власти, коешто потврди дека водата е чиста и питка. Резултатите од анализата спроведена од сертифицираниот институт „Фудлаб“, потврдува дека квалитетот на водата е висок. Нашите производи секој ден по неколку пати поминуваат анализи, како и редовно тестирање од страна на Националниот институт за јавно здравје во Косово. Исто така, извозот на „Ругове“ водата во Албанија, Црна Гора, Србија, Германија, Швајцарија, Австрија, Англија, САД и НАТО воените бази, е предмет на строги анализи од косовската Агенција за храна и ветеринарство и релевантните институции во секоја држава. Секое едно шише вода е пуштено во промет на пазарот, само ако ги помине лабораториските тестови, велат од компанијата.

На следниот линк, фирмата ги доставила и лабораториските наоди од земените мостри коишто се покажале исправни.

Не е вистина дека „Ругове“ водата е забранета. Исто така, „Вистиномер“ потврди со увид во договорот, на сајтот за јавни набавки, дека Град Скопје на 16.04.2024 година склучил договор за набавка на вода со добавувачот на „Ругове“, но тоа не значи дека водата што се пие во советот на Град Скопје е „небезбедна“. Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како делумно неточна.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција