Водици како мотив за упатување на вести кон „расколниците“

Фото: Принтскрин

Најважната цел во пропагандата е создавањето на навика за преземање на вети и прилози а потоа е се полесно. Православието е една од основите на кои „руската шема“ одамна си смета

 

Најважната цел во пропагандата е создавањето на навика за преземање на вети и прилози а потоа е се полесно. Православието е една од основите на кои „руската шема“ одамна си смета

 

Пишува: Љубомир Костовски

 

Дали нашите портали се абоненти на српската редакција на руската агенција Спутник? Оваа дилема се јавува откако гледаме дека домашните портали пројавиле сериозен интерес за тоа како во Русија се одбележува верскиот празник Водици. Постојат информации  за тоа како се изведува одбележувањето на Богојавлението пренесени и како видео кое трае речиси час и половина, што е подолго, да речеме, од траењето на церемонијата на македонските реки и базени. Некои  медиуми, пак, само го опишуваат тој ритуал , но ги има во поголем број.

За повозрасните читатели и гледачи тој ритуал изведуван во Русија е познат, бидејќи, претпоставува посурови услови за соочување со водата, а за младите би било интересно дека ритуалот значи дека нема никакво туркање меѓу учесниците, не постои крст што се добива само за „победникот“, туку е чин во кој верникот за миг самиот, значи индивидуално, го минува ритуалот со кој се соочувале библиските крштевани луѓе на реката Јордан.

Дотука интересот е логичен и нормален, со оглед што тој ден и информациите за одбележувањето на Водици ширум православниот свет би бил илустративен. Јасно, Водици не се одбележува само во Македонија и Русија, туку и во другите цркви кои се држат до т.н. источен ритуал ама такви вести не видовме тој ден. А ги имало и во Црна Гора, на еден драматичен начин, што веројатно би било вест и за политичките прилози, во делови од Босна, Украина, Белорусија…. па дури и во Бугарија, каде црквата премина на западни (грегоријански) календар, но дел од населението остана „верно“ на датумот 19 јануари, што одново е интересен факт за одбележување, а го имаше на БНТ, на пример.

Разбирливо е дека за уредниците на нашите портали постои комотност во преземањето на вестите од „Спутник“. Често и без мерка во времетраењето на видео материјалот, но дали не е пологично да се направи интернационална панорама за Водици?! Постојат специфики од земја до земја, од црква до црква, и тоа би имало логика во уредувачката политика, а потпирањето само на еден извор, кој не е создаден само да пренесува информации за Русија, туку ќе настојува да ги одржува своите офанзивни пропагандни цели, е токму погоден ако создаде рефлексивност во преземањето на тој тип на „лепливи“ вести (православие, словенска крв, источен Ватикан…).

За оние кои можеби би спореле со ова толкување да наведеме дека на Спутник немаше вест за тоа како Водици се одбележуваат во една „расколничка“ црква!

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција