ВМРО-ДПМНЕ: Водоснабдување

За реализација на овој проект обезбедивме 50 милиони евра од ЕИБ. Целта на проектот е подобрување на условите и квалитетот на живот, посебно во руралните краишта на Република Македонија како дел од политиката на ВМРО-ДПМНЕ за рамномерен регионален развој.Со овој проект се опфатени приоритетни инвестициски проекти за водоснабдување и одведување на отпадни води во целата територија на Република Македонија, со цел да се подобри снабдувањето на чиста вода за пиење, што директно влијае на здравјето на граѓаните и на животната средина. Секоја општина во Република Македонија ќе добие определен износ на средства како грант од Владата. Распределбата на средствата по општини е веќе објавена, а секоја општина ќе аплицира со оној проект кој го смета за најприоритетен и најсоодветен за финансирање со овие средства, а согласно со потребите на локалното население. [Рок: 2012 – 2015]

Образложение:

Според Отчетот на Министерството за транспорт и врски…

Во текот на 2012 година од страна на Европската Инвестициона Банка се одобрени 37 апликации на општините за потпроекти од водоснабдување и одведување на отпадни води, и тоа:

         – два за општината Кичево, два за Битола, два за Гевгелија, два за Неготино, по еден за Свети Николе, Градско, Кавадарци и Росоман, Маврово-Ростуша, Богданци, Петровец, Гази Баба, Ѓорче Петров, Могила, Демир Капија, Прилеп, Демир Хисар, Василево, Илинден, Кисела Вода, Валандово, Студеничани, Бутел, Кочани, Македонска Каменица, Виница, Куманово, Новаци, Крива Паланка, Долнени, Кривогаштани, Босилово, Зајас, Осломеј, и  Кратово. На одобрување до Европската Инвестициона Банка се доставени апликации за потпроект за општините Шуто Оризари, Велес, Прилеп, Дебар, Лозово и Струга.Во 2012 година, започната е изградба на 17 потпроекти во општините: Кичево, Маврово и Ростуша, Неготино, Прилеп, Кавадарци и Росоман, Могила, Демир Хисар, Петровец, Гази Баба, Ѓорче Петров, Студеничани, Кисела Вода, Бутел, Новаци, Битола и Василево. За потпроектите во општините Маврово-Ростуше и Могила, завршена е изградбата.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција