Временските услови може да влијаат врз ризикот од мозочен удар
Временските услови можат да влијаат на ризикот од мозочен удар, а авионите што прелетуваат секоја минута не можат да влијаат на ризикот од мозочен удар. Временските услови се само еден од повеќето ризик фактори за мозочен удар, а другите се крвниот притисок, начинот на живот и здравствената состојба на човекот.
Временските услови можат да влијаат на ризикот од мозочен удар, а авионите што прелетуваат секоја минута не можат да влијаат на ризикот од мозочен удар. Временските услови се само еден од повеќето ризик фактори за мозочен удар, а другите се крвниот притисок, начинот на живот и здравствената состојба на човекот
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Како немате срам да лажете дека временските услови се за зголемување на мозочни удари, а авионите што прелетуваат секоја минута, абре новинари за жалење сте.
Од ова тврдење произлегува како корисникот да смета дека временските услови не влијаат врз зголемувањето на бројот на мозочните удари, туку дека за тоа придонесуваат авионските прелети за кои вели дека се случуваат „секоја минута“.
Наспроти изнесеното во објавата, временските услови можат да влијаат на ризикот од мозочен удар, а авионите што прелетуваат секоја минута не можат да влијаат на ризикот од мозочен удар. Временските услови се само еден од повеќето ризик фактори за мозочен удар, а другите се крвниот притисок, начинот на живот и здравствената состојба на човекот.
Сеопфатна мета анализа открива дека и топлото и студеното време го зголемуваат ризикот од мозочен удар. Според неа, студеното време го зголемува ризикот од мозочен удар за 33 проценти, а топлото време за околу 10 проценти.
Систематски преглед на 21 студија покажува дека ниските температури се поврзани со поголем ризик од мозочен удар но и дека наглите промени во температурата може да се поважни од самата температура. Прегледот од 21 студија е за вкупно 476 илјади 511 пациент што значи дека е прилично голема.
Прегледот на „Харвард медикал скул“ покажува дека со зголемување на температурата, ризикот од мозочен удар расте во рок од неколку часа. Анализирани се податоци од повеќе од 82 илјади пациенти.
Студијата вклучува податоци од повеќе од 82.000 луѓе низ Кина кои биле хоспитализирани поради исхемичен мозочен удар во текот на топлите сезони од 2019 до 2021 година. (Исхемичните мозочни удари се јавуваат кога снабдувањето со крв во дел од мозокот е блокирано или намалено, обично поради згрутчување на крвта.) Со проверка на записите за температурата на секој час во период од 24 часа пред да се појават симптомите на мозочен удар кај лицето, истражувачите открија дека со зголемувањето на температурите, се зголемувал и ризикот од мозочен удар, пишува во студијата.
„Дојче веле“ објави текст во 2024 година според кој повеќе од половина милион смртни случаи од мозочен удар во светот може да се поврзани со климатските промени
Студија објавена на „Неуролоџи“ покажува дека рапидните временски промени се поврзани со зголемен ризик од исхемичен мозочен удар. Според неа, жените, повозрасните лица и лицата со васкуларни заболувања се изложени на поголем ризик.
Така што, медиумите со право повикувајќи се на научни и медицински докази информираат дека промените во временските услови се еден од повеќето ризик фактори за мозочен удар.
Од друга страна, не е точно дека какво било прелетување на авиони во воздушниот простор се поврзува со било какви медицински состојби, ниту пак со мозочните удари. Во текот на ковид пандемијата најпромовирана и актуелизирана беше теоријата на заговор дека „авиони прелетувале и запрашувале, предизвикувале најразлични болести“ итн, но сите овие дезинформации беа дебанкирани од сите светски сервиси за проверка на факти. Вистиномер повеќе пати ја дебанкираше теоријата на заговор за „кемтрејлс“.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар