ВМРО-ДПМНЕ: Поврување Кичево-Дебар

Со изградбата и со реконструкцијата на регионалниот пат од Бошков Мост до Извор, кој е во должина од околу 30 км, ќе се овозможи ново поврзување на Дебар и Кичево, со што ќе се скрати должината од 117 км на 53 км. Ќе се подобри и ќе се олесни комуникацијата на голем број населени места од западна Македонија Душогубица, Кленоец, Иваништа, Ехловец, Превој Јама, Гари, Лазарополе, Осој, Тресонче, Селце, Росоки, Сушица и Могорче со Централна Македонија, Македонски Брод, кон Крушево, но и кон Охрид и Струга. Изработката на проектната документација е во тек. Патот опфаќа две коловозни ленти со ширина од по 3 м. Вредноста на проектот се проценува на 20 милиониевра. Средствата се планира да бидат обезбедени со заем од меѓународните финансиски институции и национално кофинансирање од Буџетот на Република Македонија. [Рок: 2012 – 2015 година]

Образложение:

Ветувањето се истражува

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција