Врз С. Македонија не се задала никаква црна чума
Северна Македонија не е ниту поробена, ниту окупирана, туку е самостојна и независна демократска држава во која народот на избори одлучува кој ќе биде претседател и кој ќе ја води владата. Законите во државата ги носи Собранието во кое седат народни избраници. С. Македонија е кандидат за членство на Европската Унија и членка на најголемата воена алијанса – НАТО
Северна Македонија не е ниту поробена, ниту окупирана, туку е самостојна и независна демократска држава во која народот на избори одлучува кој ќе биде претседател и кој ќе ја води владата. Законите во државата ги носи Собранието во кое седат народни избраници. Земјата е кандидат за членство на Европската Унија и членка на најголемата воена алијанса – НАТО
Анализираме објава на социјалната мрежа Тредс која вели:
Ќе дојде ден ќе заврши онаа црна чума што се зададе врз нашата мила МАКЕДОНИЈА.
Објавата не прецизира на каква црна чума мисли кога вели дека таа се задала врз нашата држава.
Црната смрт или црна чума била една од најголемите пандемии во историјата на човештвото, која го достигнала својот врв во Европа во периодот од 1346–53 г. и резултирала со смрт на 75 до 200 милиони луѓе.
Во македонската народна поезија има песна „Црна се чума зададе“. Во песната, чумата не е само болест, туку симболизира големи катастрофи или трагедии што ја погодуваат заедницата и народот. Во песната, чумата може да се сфати како метафора за страдањето во поробената земја. Чумата не е само болест, туку и уништувачка сила која не остава ништо зад себе, како што и освојувачите ги разорувале земјите што ги поробувале – окупирале.
Ако објавата мисли на тоа дека црна чума се задала врз Македонија, како што тоа е опишано во народната песна, тогаш тоа е погрешно.
С. Македонија не е ниту поробена, ниту окупирана, туку е самостојна и независна демократска држава во која народот на избори одлучува кој ќе биде претседател и кој ќе ја води владата. Законите во државата ги носи Собранието во кое седат народни избраници. С. Македонија е кандидат за членство на Европската Унија и членка на најголемата воена алијанса – НАТО.
Преговорите со Унијата зависат од нас самите, од измените на Уставот кои треба да ги направиме со цел внесување на Бугарите и други етнички заедници во највисокиот акт на државата.
Економијата на државата расте, растат пензиите и платите. Врз безбедноста на државата нема никакви закани, односно никој не се заканил дека ќе не нападне или окупира.
Оттука не може да се тврди дека некаква црна чума се задала врз Македонија. Ваквото тврдење е паушално и погрешно и има за цел да ја манипулира јавноста, без притоа да се понудат цврсти докази со кои ќе се поткрепи објавеното. Поради тоа објавата ја оценуваме како невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар