Втори Април, Меѓународен ден на проверката на факти
Втори Април е промовиран како Меѓународен ден на проверката на факти од страна на Меѓународната мрежа за проверка на факти основана при Поинтер Институтот од Сент Питерсбург, сојузна држава Флорида, САД, во соработка со организациите за проверка на факти ширум светот.
Како што вели организаторот на настанот на својот веб сајт, „ова не е само обичен настан, туку верување дека повеќе од кога било е потребна проверка на фактите во политиката, во новинарството и во сите други области“
Денот, не е случајно одбран, велат организаторите – станува збор за ден кој доаѓа после меѓународниот ден на шегата (и лагата-н.з.), со цел да се истакне значењето на проверка на фактите.
На сајтот може да се најдат и упатства како да се прави „факт-чекинг“ и зошто е тоа важно.
„Метаморфозис“ – Фондацијата за интернет и општество, заедно со своите медиумски проекти Сервис за проверка на фактите во медиумите и Вистиномер е единствен член од Македонија на глобалната мрежа за проверка на факти составена од 45 невладини и медиумски организации.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар