Вулгарен и измислен наслов „залепен“ на текст за бегството на Груевски

Фото: скриншот

Фејсбук објава на текст со недолична содржина предизвика големо внимание и многу коментари. Насловот е истовремено сензационалистички и ги наведува читателите да донесат погрешен заклучок. Освен тоа, насловот тврди нешто што потоа читателот не може да го прочита во текстот, ниту да го потврди со факти и докази.

Фејсбук објава на текст со недолична содржина предизвика големо внимание и многу коментари. Насловот е истовремено сензационалистички и ги наведува читателите да донесат погрешен заклучок. Освен тоа, насловот тврди нешто што потоа читателот не може да го прочита во текстот, ниту да го потврди со факти и докази.

Бегството на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, повторно ја отвори темата за друг бегалец од правдата – неговиот братучед, поранешниот премиер Никола Груевски. Во интервју за Утрински брифинг, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски говори за деталите поврзани со ова бегство.

Но, текстот кој е предмет на оваа анализа, добил наслов кој апсолутно ниту е поврзан со текстот, ниту, пак, е вистинит. Насловот е чиста измислица и не преставува ништо друго освен вулгарен и навредувачки коментар на оној кој го пишувал текстот.

ВЛАСТА СО НОВИ ДЕТАЛИ ЗА БЕГСТВОТО НА ГРУЕВСКИ, И РЕКОЛ НА БОРКИЦА СЕКС САМО СО КОМШИЈАТА НА ДРУГ НЕ ДАВАЈ ИЗВАДИЛ ГОЛЕМА СУМА НА ПАРИ, БИЛ И СЛЕДЕН

Текстот е преземен од порталот Прес24, и соодветно е цитиран изворот на информацијата. Прес24, пак, направиле објава со цитати од интервјуто на Спасовски за Утрински брифинг. Вистина е дека во тоа интервју Спасовски зборува за бегството на Груевски, но не е вистина дека ги кажува повеќето од работите што се наведени во насловот.

Притоа, самиот наслов не е дообјаснет во текстот. Единствениот вистинит дел од насловот е дека Спасовски во интервјуто вели дека Груевски пред бегството извадил голема сума на пари. И толку. Ниту ја спомнува неговата сопруга Боркица ниту ги изјавува недолочностите кои што се спомнати во останатиот дел од насловот.

Текстот на веста е сериозен и коректно и точно пренесува дел од изјавите на Спасовски. Но, џабе коректноста на текстот кога му е „залепен“ ваков од ракав истресен наслов, кој дефокусира и служи само да привлече внимание на социјалните мрежи. Со ваков наслов се поттикнуваат дел од корисниците на социјалните мрежи навредувачки да коментираат и да шират говор на омраза, а за такво нешто апсолутно нема потреба.

Факт е дека со ваков измислен, невистинит и вулгарен наслов целта била само да се привлече било какво внимание на социјалните мрежи (па дури и негативно) и да се навреди некого без факти и докази. Во најмала рака е срамно за новинарската професија текстови да добиваат вакви наслови кои немаат за цел професионално информирање на јавноста.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција