За (не) поврзаноста на вакцините против Ковид-19 и миокардитисот, зборува доктор Марио Јованоски
Американскиот центар за контрола и превенција на болестите не „признал” дека вакцините против Ковид-19 предизвикуваат миокардитис, како што тврди Џон Васили на Фејсбук. Да, точно е дека оваа институција ги следи ваквите можни случаи, но во овој пост извадена е од контекст секоја изјава на CDC објавена на нејзината веб страна. Според доктор Марио Јованоски, најголем е бројот на пациенти кои по Ковид се соочуваат со срцеви заболувања. Според него, нормално е вакцините да имаат несакани ефекти, но тие не ги надминуваат придобивките од истите, пишува Порталб.мк.
Американскиот центар за контрола и превенција на болестите не „признал” дека вакцините против Ковид-19 предизвикуваат миокардитис, како што тврди Џон Васили на Фејсбук. Да, точно е дека оваа институција ги следи ваквите можни случаи, но во овој пост извадена е од контекст секоја изјава на CDC објавена на нејзината веб страна. Според доктор Марио Јованоски, најголем е бројот на пациенти кои по Ковид се соочуваат со срцеви заболувања. Според него, нормално е вакцините да имаат несакани ефекти, но тие не ги надминуваат придобивките од истите, пишува Порталб.мк.
Џон Васили на „Фејсбук“ точно ја цитирал изјавата на Центарот за контрола и превенција на болести, но погрешно ја протолкувал, со што целосно ја извадил од контекст.
На официјалната веб-страница на CDC (на линкот во продолжение) пишува: „CDC и неговите партнери активно ги следат пријавите за миокардитис и перикардитис по вакцинацијата против КОВИД-19“. Значи CDC признава дека вакцината предизвикува миокардитис, особено кај адолесцентите и младите, но и покрај тоа им препорачува да ја примат вакцината. „Миокардитисот е инфекција на срцевиот мускул и по една таква инфекција тој мускул никогаш нема да се врати во неговата претходна природна состојба“, напишал Џон Васили на Фејсбук.
Каква поврзаност има меѓу вакцините против Ковид-19 и миокардитисот?
Во врска со оваа тема, Порталб.мк разговараше со доктор Марио Јованоски. Тој истакна дека се доста ретки случаите на миокардитис како несакана појава по примање на вакцината. Според една студија објавена на New England Journal of Medicine, инциденцата на миокардитисот е 2 на 100,000 вакцинирани лица.
„Една од земјите кои меѓу првите успешно се соочи со пандемијата со Ковид-19 преку масовната вакцинација и која успеа да вакцинира голем дел од населението е Израел. Една голема студија која опфати повеќе од 2,5 милиони луѓе вакцинирани со вакцината на “Pfizer”, објавена во New England journal of Medicine, истакна дека инциденцата на миокардитисот (инфламација на срцевиот мускул) беше 2 на 100.000 вакцинирани, најчесто меѓу возрасната група од 16-29 години и до 42 дена по примање на вакцината. Меѓутоа, поголемиот дел од случаите беа со лесна или средна клиничка слика” рече доктор Марио Јованоски. Повеќе околу ова можете да прочитате тука.
Лажни статистики
Џон Васили потоа продолжува со дезинформирање на читателите, при што објавува неточни и непотврдени статистички податоци. Треба да се истакне фактот дека не се работи за медицинско лице и тој не е нималку надлежен да зборува за миокардитисот и за другите болести.
„Ако во оваа земја има лекар кому му останала барем трошка човечност, тој треба да и објасни на јавноста дека ова се нарекува убиство со целосна свест. Јас како слободен и одговорен граѓанин ве потсетувам на само два факта од официјалните статистички податоци: можноста за преживување на миокардитисот е 50%. За Ковид тоа е 99.85%. значи на секои 2.000 заразени може да починат само тројца. А пак, на секои 2.000 лица со миокардитис ќе починат половина од нив, значи 1.000 лица. Затоа размислете добро пред да донесете одлука за вас или за вашите најмили. Не играјте Руски рулет со животот” пишува ова лице во постот што го рецензираме.
Но, според доктор Марио Јованоски овие „статистички податоци“ не се точни. Според него, болниците секојдневно се соочуваат со пациенти кои го прележале вирусот и како резултат на тоа имаат ослабено срце.
„Од друга страна, при мојата секојдневна работа во клиниката, се соочувам со голем број на пациенти кои го прележале овој вирус и кои се примени со умерена до тешка форма на срцева слабост како последица на инфекцијата со истиот. Овој вирус е наведен како етиологија во најновите европски препораки за влијанието што го има во слабеењето на срцето, што покажува дека придобивките од вакцините се многу поголеми и побезбедни од инфекцијата со Сарс Ков-2“, додаде доктор Јованоски.
Тој, исто така, вели дека е нормално вакцините да имаат несакани ефекти, но според него вакцинацијата се препорачува се додека ризикот од зараза е поголем од оној на несаканите ефекти.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар