За повреден велосипедист од Литванија учесник на ЕМОФ, се тврди дека е од Исланд

Планински велодипедизам Фото: Thomas Schweighofer thomasschweighoferdotnet, CC0, via Wikimedia Commons

Фотографијата што ја споделува објвата што ја анализираме, нема никаква врска со сообраќајната несреќа во Куманово во која маж прегазил двајца велосипедисти од Исланд кои се натпреваруваат на ЕМОФ. Имено, на фотографијата не е прикажан еден од двајцата Исланѓани повредени во сообраќајната несреќа, туку станува збор исто така за велосипедист, учесник на ЕМОФ, но од Литванија.

Фотографијата што ја споделува објвата што ја анализираме, нема никаква врска со сообраќајната несреќа во Куманово во која маж со возило удрил во двајца велосипедисти од Исланд кои се натпреваруваат на ЕМОФ. Имено, на фотографијата не е прикажан еден од двајцата Исланѓани повредени во сообраќајната несреќа, туку станува збор исто така за велосипедист, учесник на ЕМОФ, но од Литванија. Момчето, како што пишуваат литванските медиуми, се здобило со повреда пред стартот на ЕМОФ, така што фотографии од него со завој на главата и раката има и за време на отворањето на младинската олимпијада

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:

Велосипедистов од Исланд дошол на младинска олимпијада во Македонија, па бил прегазен од страна на кумановец .Со ваква организација на државните институции, добро е што ние преживуваме….

Објавата споделува и фотографија од момче кое има завој на главата и раката.

Како што информираше вчера МВР, кумановец со возило удрил во двајца малолетни велосипедисти од Исланд, учесници на ЕМОФ 2025. Несреќата се случила вчера (24 јули) околу пладне на регионалниот пат Куманово – Свети Николе каде велосипедистите, кои се учесници на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025, се подготвувале за велосипедска трка.

На 23.07.2025 во 12.09 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, атар на с. Зубовце, кумановско патничко возило ‘фолксваген пасат’ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н. Б. (42) од Куманово, удрило во двајца малолетни  велосипедисти од Исланд, кои се учесници на младинските европски олимписки игри, што се одржуваат во нашата земја и кои се подготвувале за денешната велосипедска трка, информираа од МВР.

Но, фотографијата што ја споделува објвата што ја анализираме, нема никаква врска со овој настан. Имено, на фотографијата не е прикажан еден од двајцата Исланѓани повредени во сообраќајната несреќа, туку станува збор исто така за велосипедист, учесник на ЕМОФ, но од Литванија. Момчето, како што пишуваат литванските медиуми, се здобило со повреда пред стартот на ЕМОФ, така што фотографии од него со завој на главата и раката има и за време на отворањето на младинската олимпијада.

Скршена вилица и расцепен зглоб. Вака заврши тренинг сесијата на Ј. Дабушинскас во неделата на периферијата на Куманово, вториот најнаселен град во Северна Македонија, каде што на 23 јули започнува натпреварот во крос-кантри планински велосипедизам ЕМОФ. Литванецот требаше да се натпреварува таму за медали. Но, во вторникот спортистот веќе се врати во Литванија, пишува порталот Делфи.

Медиумот пренесува и изјава од момчето.

Дојдов на EJOF во добро расположение, сите подготовки поминаа одлично, бев во добра форма, мојата благосостојба се подобруваше со секој изминат ден. Во саботата за првпат возев крос-кантри патека со планински велосипед, ми се чинеше поволна. Во недела повторно отидов на патеката, овој пат планот беше да ја возам малку побрзо. Тренингот помина непречено. Но, во последниот круг, на последната кривина, се лизнав. Целата патека беше многу лизгава. Таа кривина беше на рид, па паднав од малку повисоко и директно на асфалтот. Паднав на зглобот, се удрив во брадата. По падот, тренерот веднаш ме однесе во болница. Рентгенската снимка покажа скршена вилица и напукнат зглоб. Не беше потребна операција, но навистина не можев да продолжам. Така помина мојот Младински олимписки фестивал. Дефинитивно не беше она што го сакав. Навистина сакам да им се заблагодарам на сите што се грижеа за мене, особено на мојот тренер Инета. Ви благодарам, вели Литванецот.

Велосипедската федерација на Македонија алармираше дека на социјалните мрежи се споделува фотографијата од литванскиот спортист како да е еден од повредените Исланѓани.

Тоа е сосема друг излоиран инцидент кој нема никаква поврзаност со сообраќајниот инцидент. Тврдиме дека сите протоколи и безбедносни мерки беа спроведени од наша страна а се однесуваат на грижа и безбедност на нашите гости велосипедисти и при тоа сите натпревари поминаа во најдобар ред во организација со која можеме да се гордееме, се вели во нивната реакција.

Од сето погоре, можеме да заклучиме дека објавата што ја анализираме е невистина.

 

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција