За првачињата во Струмица се обезбедени бесплатни униформи

Фото: strumica.gov.mk

 

Училишни униформи за сите првоодделенци

 [Извор: Изборна програма на Коста Јаневски за локалните избори 2017-2021 – „Живот во Струмица за сите“ (стр.13) , датум: октомври 2017]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето на градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски дека ќе бидат обезбедени бесплатни униформи за сите првооделенци  во основните училишта во Општината, дадено во кампањата за локалните избори (октомври 2017 година), е исполнето. Ова  ветување  на Јаневски е посочено  на почетокот на  неговата изборна програма „Живот во Струмица за сите“ , во делот посветен на учениците (стр.13), каде, меѓу другото, се вели:

Униформите се белег на пристојност. Со нив децата во училиштата многу полесно ќе се концентрираат на главната цел за која се таму, нивно воспитување и образување, а помалку внимание ќе посветуваат на тоа како се облечени… Обезбедувањето на училишната униформа помага во создавање работна атмосфера, на што укажуваат и голем број студии во однос на зголемување на успехот

На почетокот на второто полугодие минатата учебна година (2018/2019)  дел од медиумите известија дека училишни униформи (маици и дуксери) добиле  639 ученици во прво одделение во сите основни општински училишта.

Оваа учебна година (2019/2020), исто така, се обезбедени бесплатни училишни униформи за  првачињата (620), за што според градоначалникот Јаневски од општинскиот Буџет се издвоени  650.000 денари.

Информација и фотографии  дека првооделенците добиле училишни униформи, се објавени и на веб-страницата на Општина Струмица.

 

ИЗВОРИ:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција