За санирање на оштетените улици во Тетово се чека пролетта

Оштетените улици сè уште не се чепнати Фото: telegrafi.com

 

Реконструција на главните улици во градот  (Урбанистичкиот многусекторен план за развој ги предодредил долгорочните цели за развој на урбаните зони и нивната управа според постоечкиот Генерален урбанистички план, каде се одредени приоритетите за рехабилитацијата на постоечката патна инфраструктура и градењето нови патишта)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Во предизборната кампања за локалните избори (октомври 2017)  и во промотивната Конвенција на кандидатурата  на градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, а и во политичката програма во делот Патна инфраструктура, паркинг и јавен транспорт (стр.23) се зборува за подобрување и санирање на сообраќајната (уличната) инфраструктура во градот. До моментот кога е пишуван овој текст (27.02.2018), освен интервенциите направени во минатиот мандат и во предизборниот период (есента 2017),  во новиот мандат на градоначалничката Арифи нема активности за санирање на улиците, иако таков зафат е потребен за голем дел од главните улици во градот. Така што, ова нејзино изборно ветување за „реконструкција на главните улици на градот“,  досега го сметаме како неисполнето.

Медиумите на 17.02.2018, информирааграѓаните на Тетово се жалат дека многу споро се санираат инфраструктурните проблеми“.

Тие се жалаат дека неколку од главните улици во градот се проблематични, со дупки и имаат потреба за интервенција. Според возачите, ова појава не е непозната за граѓаните на Tетово, често се случува дупките што треба да се снаираат, со денови да се остават отворени и да се асфалтира со задоцнување.

Проблематични се голем дел од улиците, како на пример, улицата која води кон тетовските бањи, улицата кај музичкото училиште, а за санирање веќе имаат потреба и улиците што се завршени пред изборите. Со слични проблеми се соочуваат и улицата „Благоја Тоска”, а за „Индустриска” улица, освен потребата за санирање, голем проблем претставува и крадењето на шахтите. Протреба за интервенција има и на улицата која води кон тетовската бања, за која медиумите информира дека треба да се реши и проблемот со ерозијата на земјата во ова улица.

Прашани од медиумите за тоа кога ќе се санираат оштетените улици, од Општина Тетово велат дека вакви интервенциите ќес е прават кога ќе се подобрат временските услови. Раководителот на Секторот за градежно земјиште и комуникација на Општина Тетово, Арсим Нуредини, вели:

Доделени се средства за санирање на дупките во проблематичните улици во градот и на другите патишта кои се компетентност на Општина Тетово. Кога ќе има услови, ќе се почне со санирање на овие дупки и ова ќе се прави врз основа на програмата за ова година.

Имајќи ги предвид сите презентирани информации во овој напис, но и нашата теренска проверка, може да се констатира дека горенаведените улици во Тетово имаат потреба за интервенција, а за тоа да се стори според Општина Тетово, треба да се чека пролетта. Затоа, засега  (27.02.2018) ова ветување, го сметаме како несполнето.

ИЗВОРИ:

Оцени: Дрилон Салиу

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција