Закана за бомба во Лондон злоупотребена да се дискредитираат НАТО и ЕУ
Тоа што во Лондон постоела закана за бомба никако не значи дека потфрлила „западната безбедност“. Во сите држави, вклучително и во западните постои криминал, а НАТО се бори против тероризмот. Самиот настан, според она што првично полицијата го изјавила, а е пренесено од „Гардијан“, не е поврзан со тероризам. Во конкретниот случај се работело за сомнително возило кое веќе не претставува закана откако полицијата ги извршила сите потребни проверки
Тоа што во Лондон постоела закана за бомба никако не значи дека потфрлила „западната безбедност“. Во сите држави, вклучително и во западните постои криминал, а НАТО се бори против тероризмот. Самиот настан, според она што првично полицијата го изјавила, а е пренесено од „Гардијан“, не е поврзан со тероризам. Во конкретниот случај се работело за сомнително возило кое веќе не претставува закана откако полицијата ги извршила сите потребни проверки
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Ова ви е западна безбедност и на НАТО во ЕУ.
Во склоп на објавата се споделува медиумски напис за тоа дека „во Лондон луѓето панично бегаат и се евакуираат по дојава за бомба“. Во текстот од 8 јануари годинава се известува дека „пристапот до улицата „Реџент“ во Лондон е затворен, а полицијата врши серија контролирани експлозии како мерка на претпазливост“.
Во објавата се пропушта контекстот поради тоа што западната безбедност на НАТО се доведува во корелација со закана за бомба, состојба што во конкретниот случај е исконтролирана од страна на британската полиција и тоа успешно. Дополнително, тоа што постоела закана за бомба никако не значи дека потфрлила „западната безбедност“. Во сите држави, вклучително и во западните постои криминал, а НАТО се бори против тероризмот. Меѓутоа, самиот настан, според она што првично полицијата го изјавила, а е пренесено од „Гардијан“, не е поврзан со тероризам. Во конкретниот случај се работело за сомнително возило кое веќе не претставува закана откако полицијата ги извршила сите потребни проверки.
Од полицијата известуваат дека веднаш по 14 часот и 30 минути, паркираното возило што ја предизвика тревогата се докажа дека не е сомнително и инцидентот е целосно расчистен, пренесува „Гардијан“.
На сајтот на полицијата се наведува какви се процедурите за справување со бомби во Обединетото Кралство. Таму се посочува дека огромното мнозинство на закани со бомби се измами дизајнирани да предизвикаат тревога и прекини, а случаите на валидни закани со бомби се ретки. Се додава и дека „терористите и другите може да упатуваат лажни повици за закани со бомби за да ја заплашат јавноста, бизнисите и заедниците, да привлечат внимание на нивната кауза и да ја доведат во заблуда полицијата“.
Евидентно е дека британската полиција има детално разработен протокол и спремност за справување со закани за бомби. Се наведува дека сите закани за бомби треба да се пријават во полиција и да се следат нивните совети.
Полицијата ќе го процени кредибилитетот на заканата не само за објектот и луѓето во неа, туку и за околината. Ова ќе се направи што е можно поскоро, проследено со обезбедување на соодветни упатства. Не го одложувајте процесот на донесување одлуки чекајќи го пристигнувањето на полицијата. Од суштинско значење е да постојат и да се тестираат соодветни планови; тие треба да бидат специфични за настанот и локацијата и да одговараат на предвидливите променливи, пишува на сајтот.
Во конкретниот случај полицијата извести дека затворила пристап до две улици – „Реџент“ и „Њу Берлингтон“, поради тоа што испитуваат сомнително возило и дека извеле серија контролирани експлозии како мерка на претпазливост.
Работата на НАТО, пак за борба против тероризмот се фокусира на подобрување на свесноста за заканата, развивање на способности за подготовка и одговор и зајакнување на ангажманот со земјите партнери и другите меѓународни актери.
Како поддршка на националните власти, НАТО обезбедува заедничка свест за терористичката закана преку консултации, засилено споделување разузнавачки информации и континуирана стратешка анализа и проценка. Алијансата се стреми да обезбеди дека има соодветни способности за спречување, заштита и одговор на терористичките закани, стои на сајтот на НАТО.
Во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот, затоа што се изедначува постоењето на закани за бомба (како во конкретниот случај) со „безбедноста на НАТО во ЕУ“. Тезата дека членувањето во НАТО и ЕУ некако е поврзано со заканите за бомби или дека ако се членува во овие заедници тогаш ќе се намали безбедноста, е погрешна. Националните влади се подготвуваат за одговор на заканите за бомби преку својата национална полиција, но и преку разузнавањето. Сепак, тоа не значи дека закани за бомби нема да постојат. Поради сите горенаведени факти оценуваме дека во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар