Заловеното животно во Козле е волк, а не куче
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги демантира наводите објавени во неколку интернет портали дека АХВ дало изјава во врска со вчера вечер заловеното животно во скопската населба Козле, за кое се претпоставуваше дека е волк, односно дека истото е домашен миленик – куче.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги демантира наводите објавени во неколку интернет портали дека АХВ дало изјава во врска со заловеното животно во скопската населба Козле, за кое се претпоставуваше дека е волк, односно дека истото е домашен миленик – куче, кое е чипирано и кое сопственикот бара да му биде вратено, реагираа од АХВ
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:
Ставете клуч на државава, зошто следно луѓе како мајмуни ќе почнат да ловат…
Објавата споделува линк од напис со наслов: „АХВ тврди: Станува збор за куче со чип, сопственикот си го бара назад“.
Написот известува за случајот со волкот пронајден во скопската населба Козле, и наведува дека животното не било волк, туку куче кои имало чип и кое сопственикот си го побарал да му биде вратено. Притоа, написот се повикува на изјава од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Од АХВ посочуваат дека според првичните информации не станува збор за волк, туку за куче кое е чипирано, а неговиот сопственик веќе го бара назад. „Животното што синоќа беше пронајдено во скопско Козле и пренесено во карантин во Скопје ЗОО допрва ќе биде предмет на испитувања од страна на АХВ“, велат од институцијата.
Но ваквата информација беше демантирана токму од АХВ. Имено оттаму посочија дека не дале изјава оти заловеното животно било куче, а не волк.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги демантира наводите објавени во неколку интернет портали дека АХВ дало изјава во врска со вчера вечер заловеното животно во скопската населба Козле, за кое се претпоставуваше дека е волк, односно дека истото е домашен миленик – куче, кое е чипирано и кое сопственикот бара да му биде вратено, реагираа од АХВ.
Подоцна во текот на денот, од АХВ потврдија официјално дека станува збор за волк.
Официјален ветеринар на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) доцна попладнево спроведе вонреден надзор во скопската зоолошка градина каде вчера вечер беше згрижено диво животно заловено во скопската населба Козле. Врз основа на искуство во работата со диви животни и спроведениот стручен преглед на физичката градба на заловеното животно и неговото однесување, како и на проверка на други важни факти за утврдување на неговиот вид, од страна на официјалниот ветеринар потврдено е дека станува збор за диво животно од видот волк – соопшти АХВ.
Информацијата ја потврдија и од скопската Зоолошка градина.
По детални проверки, проценки и консултации со домашни и странски експерти, потврдено е дека животното кое вчера беше заловено во населбата Козле е волк, а не куче или мешанец. Во текот на денот, во ЗОО Скопје дојдоа и сопствениците на кучето Сириус од расата чехословачки волчјак, по кое трагале веќе два месеци, кои на лице место се уверија дека не станува збор за нивното куче, туку за вистински волк, што и самите го потврдија.
Според ЗОО, животното не е чипирано, измерено е дека тежи околу 25 килограми, а од страна на стручните служби е земена и крв за биохемиска анализа и дополнителни испитувања.
Поради сето погоре изнесено, оценуваме дека објавата која ја анализираме е невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар