Заменет е покривот на градинката во Пржино

Градинката „8 Март“ доби нов покрив во октомври 2013 година. Фото: Принтскрин , веб-страница Општина Кисела Вода

Проект: Реконструкција на кровот во постојната градинка во Пржино

За подобрување на капацитетите за сместување на деца во предучилишните установи, општината Кисела Вода ќе изврши реконструкција на кровот во градинката во Пржино. Средствата за овој проект ќе ги обезбеди општината Кисела Вода. (Рок за реализација: декември 2013)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градинката „8 Март“ во Пржино доби нов покрив во октомври 2013 година. Реконструкција на кровот во постојната градинка во Пржино“ ,градоначалничката на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ,  вети во Изборната програмата (2013-2017) Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Кисела Вода!(Социјална заштита и социјална превенција, стр. 53). Така што,  ова е исполнето ветување на градоначалничката на Општина Киселва Вода, кое е реализирано два месеца пред  истекот на карјниот рок наведен во  Изборната програма (декември 2013).

На 10 октомври 2013 година градоначалничката на Општина Кисела Вода,  Беличанец – Алексиќ и претседателот на Советот на општината, Трајче Донев ја посетија јавната детска градинка “8-ми Март” во Пржино, на која во претходните неколку месеци се изведуваа градежни работи за поставување на нов покрив.

Градинката “8-ми Март” во Пржино е изградена во 1979 година и оттогаш не се изведени некои поголеми реконструктивни зафати на оваа градинка. Општина Кисела Вода ја увиде оваа ситуација и веднаш се зафати за работа. ( Беличанец – Алексиќ)

Реконструктивниот зафат на покривот на оваа градинка, на површина од околу 1270 квадратни метри, го изведе екипи на фирмата Ингрес. Поради дотраеност извадена е постоечката покривна конструкција од салонитни плочи и на нејзино место е поставен пластифициран лим и нова термо-изолација од камена волна. Исто така, поставени се и нови хоризонтални и вертикални олуци. Општината за оваа намена од општинскиот буџет издвои 2.5 милиони денари.

Во Отчетот на Беличанец -Алексиќ за сработеното во  2013 година, за овој проект е наведено:

По 30 години, општина Кисела Вода инвестираше и  во градинката “8-ми Март” во Пржино, каде изврши целосна реконструкција на  покривот. Проектот е вреден  2. 548.277 денари.

 

ИЗВОРИ:

 

Оценето од: Оливера Војновска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција